Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Премиерот Мицкоски присуствуваше на отворање на целосно реконструираната спортска сала во Кратово

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на Кратово, Тодорче Николовски, и заменик-претседателот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на Кратово, Тодорче Николовски, и заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски, присуствуваше на отворањето на целосно реконструираната спортска сала во Кратово.

Според Мицкоски, неговото присуство, присуството на потпретседателот на Владата, на другите владини претставници и на пратеници во Собранието е исклучително значајна порака за Кратово и кратовци дека како Влада ќе продолжат да ги поддржуваат проектите кои им се потребни на жителите во оваа општина.

– Неколку проекти се реализираат од средствата што како Влада ги пренасочивме од централниот буџет кон општините и тој процес ќе продолжи и во годините што следуваат. Наш интерес како Влада е интересот на граѓаните. Сето она што претставува нивна потреба ние треба да го реализираме. Нека е честито пуштањето во функција на овој прекрасен објект и уште многу спортисти и таленти да изникнат од овој спортски објект – рече премиерот Мицкоски.

Реклама

Според градоначалникот на Кратово, Тодорче Николовски, овој проект уште еднаш потврдува дека инвестирањето во спортот и создавањето услови за спортување е најдобра инвестиција корисна за сите генерации.

– Општина Кратово изминатиот период тоа го правеше доследно и одговорно – изгради неколку игралишта и спортски терени со современи подлоги, со современи стандарди. Така и тука, со нов покрив, нови прозорци и врати, нов еластичен под, енетериерно уредување, реконструирани трибини, тоалети и противпожарна заштита и други безбедноси стандарди овој објект доби услови какви што заслужуваат младите – рече Николовски.

Додаде дека со подршката од Владата се работи на уште неколку капитални проекти од областа на социјалната и детската заштита, линиската и патната инфрасруктура.