Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Премиерот Мицкоски на годишнината од Разловечкото востание

Во Делчевското село Разловци денеска беа одбележани 149 години од Разловечкото востание.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Делчевското село Разловци денеска беа одбележани 149 години од Разловечкото востание. На настанот присуствуваше владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Во рамки на посетата тој оствари посета во рамки на културниот проект „Посета на музејот“, со кој како што рече се одбележува значаен дел од нашата историја и традиција.

Во дворот на црквата „Св. Константин и Елена“ премиерот Мицкоски и владината делегација која ја сочинуваа и министрите за локална самоуправа Златко Перински и за култура Зоран Љутков положија цвеќе, а потоа присуствуваа и на панихида по повод Разловечкото востание.

-Денес стоиме исправени пред времето и пред историјата, пред споменот на храбрите од Разловци – првите што повикаа на слобода, достоинство и национално будење во мај 1876 година. Тие не чекаа дозвола да сонуваат, тие станаа и се бореа. Иако востанието беше задушено, неговиот пламен не згасна, се прелеа во Илинден, во НОБ, во независна Македонија. Нe научија дека „подобро еден ден слободен, отколку целиот живот во ропство, рече Мицкоски.

Реклама

Потенцираше дека таа борба не е завршена, бидејќи денес се бориме против заборавот, разединетоста, иселувањето, корупцијата и нападите врз идентитетот.

-И затоа, должни сме како некогаш хероите од Разловци, да не се предадеме, да не молчиме и да не се двоумиме кога е време за дело. Да ја чуваме Македонија не само на мапа, туку во срцето. Да градиме со знаење, солидарност и чесност.Нека живее споменот на Разловечкото востание!
Нека живее Македонија – вечна, слободна и горда, додаде Мицкоски.

Настанот беше во организација на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево под покровителство на Министерството за култура и туризам.