Реклама
Македонија

Премиерот Мицкоски најавува целосна проверка на сите производители на канабис за медицински цели

Уште најмалку 60 тони марихуана можно е да бидат запленат во акцијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште најмалку 60 тони марихуана можно е да бидат запленат во акцијата која трае со денови. Под лупа се и други фирми за производство на канабис за медицински цели кои го третирале спротивно на законот, а Владата на седница во вторник ќе донесе одлука полицијата да влезе во сите плантажи за канабис.  Истражните институции се сомневаат дека некој ексминистер дозволил промена во правилникот за одгледување спротивно на законските прописи. Неговото име, ќе се дознае во наредниот период, вели премиерот Христијан Мицкоски. 

  • „Законот треба да се почитува. Овие коишто се предмет на оваа акција не го почитувале законот. Така ние мислиме. За да на крај дојдеме до решение, ќе каже судот низ една постапка дали го почитувале или не го почитувале. Ние мислиме во истрагава сега што ја водиме и во акцијата, дека не го почитувале. Ќе видиме тој процес понатаму ќе се развива. Можеби судот ќе каже државата не е во право, го почитувале законот, но, ние мислиме дека не го почитувале, сме ги конфискувале овие количини и сега истите проверки ќе ги направиме и во други правни лица коишто се занимаваат со оваа дејност,“ изјави македонскиот премиер.

Сомнежите се дека скопската „Алфафарм“ и струмичката „ЦБД  Медплант“ не ги почитувале посебните стандарди за одгледување на канабис чиј цвет потоа ќе може да се искористи за производство на масло. Од почеток било јасно дека одгледувањето на отворено и чувањето во такви услови не ги задоволуваат тие критериуми за извос, вели Мицкоски.

  • „Јасно се знаело се, уште кога се носел правилникот, кога се дозволило на отворено да се одгледува канабис, истиот да се чува како што се чувал, истиот да се складира како што се складирал. Од тоа што успеав изминативе денови да го научам, почетникот во овој бизнис знае дека така таа работа не бива. Не може така да се добие производ со којшто ќе се задоволат ГМП нормите и стандардите за извоз на масло, кое потоа ќе се користи во медицински цели. Дали тоа некој со умисла го правел, дали тоа го правел со некаква друга цел, истрагата ќе даде одговор,“ рече Мицкоски.

Компаниите кои работат според закон ќе продолжат да извесуваат масло од канабис за медицински цели и нема потреба од заострување на законот, вели премиерот.

Реклама

Досега како дел од акцијата на полицијата и обвинителството, се запленија околу 40 тони марихуана и биомаса и 1300 шишиња недоработено масло од канабис од фирмите во Скопје и струмичко Ново село. Според истрагата „Алфафарм“ лоцирана во кругот на ОХИС и „ЦБД Медплант“ се поврзуваат со заплената на петте тони марихуна во соседна Србија. Еден од уапсените во Србија, Иван Драгниќ , се јавува како косопственик во скопската фирма, па по проверките од МВР, биле констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во количината дрога која ја поседува, произведува, набавува и отуѓува. Струмичката, според документацијата се јавува во сопственост на Христијан Котев, но според информации од терен, реалната контрола над фирмата ја има неговиот татко, Тони Котев, со прекар М`гчев.

Котев се јавува и како експредседател на огранокот на СДСМ во Ново Село, а имал бизнис релации со Вице Заев, брат на поранешниот премиер, Зоран Заев.