Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на дел од автопатот Кичево – Охрид

Премиерот Христијан Мицкоски денеска кај клучката кај аеродромот „Св. апостол Павле“ ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска кај клучката кај аеродромот „Св. апостол Павле“ ќе присуствува на пуштање вo употреба на дел од автопат Кичево – Охрид, делница Климештани-Охрид.

Како што информираа од владината прес-служба и од Министерството за транспорт, предвидено е обраќање на претседателот на Владата, Мицкоски, а на настанот  ќе присуствуваат и изјави ќе дадат и потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.

Премиерот Мицкоски, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт, Николоски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Трајановски на средината од минатиот месец, направија увид во текот на градежните активности на терен долж трасата на автопатот во изградба Охрид – Кичево при што беше ставен во употреба надвозникот на клучката кај село Подмолје.

Реклама

Премиерот во таа прилика посочи дека интензивно се работи на делови од патот каде има свлечишта, а истовремено се изработуваат и проекти за стабилизирање на земјиштето што е мошне важно за завршување на целата траса.

-Станува збор за неколку километри кај селото Ботун, но и оние делови каде се поврзува тунелот кај Пресека…Кај Кичево има десеттина свлечишта, ваму има шест, така што очекувам од есенва да се работат теренски активности со што целата секција од Кичево до Охрид ќе биде стабилизирана и безбедна, рече Мицкоски изразувајќи задоволство од постојната динамика на активностите на терен.

Покрај на овој автопат, со несмалена динамика се работи на уште три автопатски делници во земјава: Тетово – Гостивар, Гостивар –  Букојчани и Прилеп – Битола, а  покренати се јавни повици и тендерски процедури и за патните делници Блаце – Скопје и Букојчани – Кичево.