Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Премиера на претставата „Чичко Кумплунг“ по текст на Сашко Насев, а во режија на Јани Бојаџи

Култната претставата „Чичко Кумплунг “ се враќа на тетарската сцена. Сега во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Култната претставата „Чичко Кумплунг “ се враќа на тетарската сцена. Сега во режија на Јани Бојаџи, а премиерата ќе биде изведена утре во Театар Куманово. Работена според пиесата „Прирачник за самоуништување“ од Сашко Насев, станува збор за црна комедија и сатира која го прикажува општеството во транзицискиот период во Македонија во 90-тите години.

„Ова е праизведба на македонска драма на сцените на кумановски театар, што е дополнително задоволство за мене, за ансамблот и за институцијата. Ние мора да разбереме дека без македонска драматургија ние не можеме да направиме национален театар, без национален театар нема национална кинематографија, а без национална кинематографија нема национална телевизија и медиуми и немаме нација “, изјави Јани Бојаџи.

Преку хумор и сарказам, претставата зборува за политиката, секојдневниот живот и општествените апсурди од тоа време, прикажувајќи ги човечките слабости, разочарувања и обидот за преживување во еден нестабилен систем.

Реклама

„Не беше тешко справувањето со ликовите, затоа што тоа беа наши мајки, братучеди, инспектори, комшии. Наши луѓе кои што едноставно во овој процес на транзиција, не успеале или многу тешко успеале да се снајдат и да го најдат своето место под сонцето“, изјави актерката Кети Дончевска Илиќ.

Проектот е поддржан од Министерството за култура, а претставата носи нова сценска обработка на еден од најпрепознатливите ликови од македонската филмска приказна.

Бојана Шурлиновска