– Поради изведување водоводен приклучок Ф-100 мм на висока и ниска зона на улицата Вангел Тодоровски бр. 1 во населбата Аеродром, денеска од 10:40 часот прекинато е водоснабдувањето за дел од корисниците во оваа скопска населба.
Без вода, како што информираат од ЈП Водовод и канализација-Скопје, ќе бидат улиците Руди Чајавец и Пандил Шишков, како и улицата Вангел Тодоровски, од број 1 до број 21.
Прекинот со водоснабдувањето ќе трае до завршување на работните активности.

