Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Прилози

Предупредувачки протест пред штрајк во Фондот за здравство

Пациентите од 1 јуни можат да останат без здравствено осигурување, рецепти за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пациентите од 1 јуни можат да останат без здравствено осигурување, рецепти за лекови, боледувања, породилни отсуства, а докторите без плати, ако вработените од фондот за здравство одлучат да стапат во генерален штрајк. Тие денеска излегоа на предупредувачки протест и најавија дека истиот ќе продолжи и во наредниот период се додека Владата не им го исполни барањето за усогласување на минималната плата како што е предвидено во Законот. Станува збор за усогласување од 2392 денари по човек.

„Од сега најавуваме дека од 01.06.2024, доколку не е решено прашањето, настапуваме во генерален штрајк. Значи нашите барања се едноставни, усогласување на нашите плати со минималната, носење на вредносен бод за од 1 јуни, колкави ќе ни бидат платите и разрешување на управниот одбор во целосен состав“, рече Бранко Аџигогов, претседател на синдикалната организација на вработените во Фондот.

Синдикалците и дадоа рок на Владата, до 15 мај да им го реши проблемот, во спротивно се заканија со предупредувачки протести во сите градови низ државата, а ако и тогаш надлежните останат глуви од 1 јуни ќе стапат во ќе стапат во генерален штрајк.

„Ги повикувам сите одговорни да не дозволиме овие вработени позади нас да ги затворат вратите. Бидејќи ако ги затворат вратите, ќе патат само граѓаните на Македонија. Знаете какви услуги се даваат од Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Не бараме ништо, бараме да ни останат платите исти како што се сегашните и бараме усогласување со пораст на минималната плата како што кажа бранко 2400 денари. Ако тое е проблем за 800 вработени, што правиме понатаму“, рече Трпе Деановски од Синдикатот на УПОЗ

Реклама


Дополнително вработените побараа да се  донесе и вредносен бод за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Крајно се разочарани од односот на управниот одбор на Фондот па побараа и негово разрешување, бидејќи членовите на последната седница, не сакале да изгласаат порамнување на платата. И ова не е прв револт на вработените во ФЗО. Тие штрајкуваа три дена во февруари, а штрајкот заврши откако падна договор, платите да останат исти до крајот на мај.

Љубиша Владимиров