Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Предлог-измените за пролонгирање на рокот за ДДВ за стан го поминаа собранискиот филтер

Предлог-измените на Законот за додадена вредност со кои се бара прологирање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог-измените на Законот за додадена вредност со кои се бара прологирање на рокот за ДДВ од 18 проценти за прв купен стан денеска го поминаа собранискиот филтер на Комисијата за финансирање и буџет. 

Предлог-измените се поднесени од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и со нив се бара прологирање на одредбата за зголемување на ДДВ од пет на 18 проценти од 1 јануари 2028 година. 

–  Со законот ја одлагаме примената на одредбата која требаше да стапи на сила од јануари 2026 година што значи дека ДДВ-то за прв стан ќе остане 5 проценти наместо 18 проценти како што требаше да биде од 1 јануари 2026 година. Некои пресметки што ги правеа наши колеги покажуваат дека ако во Скопје сакате да купите стан од 70 квадрати може да заштедите до 15 илјади евра со пролонгирање на рокот, рече Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е еден од предлагачите. 

Реклама

На денешната седница зелено светло доби и Предлог-законот за задолжување кај Европската банка за обнова и развој за потребите на Македонски Желеници – Транспорт.

Заемот е во висина од 20,9 милиони евра којшто треба да биде искористен за обнова на возниот парк на Македонски железници – Транспорт со локомотиви, а ќе се набави и систем за планирање на ресурси. 

Заемот ќе биде доделен во рок од 15 години со вклучен грејс период од четири години и варијабилна каматна стапка. Ќе се отплаќа во 22 полугодишни рати, а на ЕБОР ќе треба да и се плати еднократка провизија во висина од еден процент од висината на заемот во рок од седум дена од денот на стапување во сила. Република Македонија ќе и плаќа на ЕБОР и провизија за евентулано неповелечени средства во висина од 0,5 проценти. 

На денешната седница беше усвоена и ревидираната фискална стратегија за периодот 2026-230 година.