Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Предлог-буџет за 2026: За образованието и науката 45,7 милијарди денари, што е за 1,1 милијарда денари повеќе од минатата година

Ние, како парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, ја имаме обврската да поставиме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ние, како парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, ја имаме обврската да поставиме нови стандарди, да го коригираме она што беше погрешно, и да го вратиме достоинството на институциите и граѓаните, рече Драгана Бојковска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2026.

Според неа најважниот сегмент кој ја одредува иднината на Македонија е вложувањето во младите и во образованието. Бојковска посочи дека овој Предлог-буџет го прави токму тоа, ја засилува образовната инфраструктура, ги поддржува студентите, ја поддржува науката и создава услови кои младите ги заслужуваат.

„Министерството за образование и наука добива 45,7 милијарди денари, што е за 1,1 милијарда денари повеќе од 2025 година“, рече Бојковска. Бојковска информираше за средствата определени за образование по посебни ставки.

Реклама

„Во високото образование 11.290 милиони денари – зголемување од 315 милиони.  Зголемувања има за УКИМ, за Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола, за Универзитетот во Тетово и Универзитетот Гоце Делчев во Штип. ФИНКИ и ФФК конечно ќе добијат современи и функционални згради, за нив се издвојуваат 32,5 милиони денари во 2026 година. Нашите студенти одамна го заслужија ова. Доста е од импровизирани училници и лоши услови. Додека едни лажеа, правеа спотови и ветуваа студентски градови, ние наоѓаме решенија на  проблемите. И најважно – реализираме“, вели 
Бојковска.

Бојковска се осврна посебно на програмата за одделот наука информирајќи дека се издвојуваат 823,4 милиони денари. „Или 26% повеќе од 2025 година. Ова е еден од нашите приоритети – да се вложува во научно истражувачката работа и да имаме нација која ќе ја носи државата на здрави столбови. Никогаш повеќе претходно не се поддржала науката и научната дејност“, кажа Бојковска.

Пратеничката информираше и за средствата наменети за средното образование кое добива дополнително зголемен Буџет.

„Особено сакам да го потенцирам вложувањето во инклузивното средно образование.  Изградбата на спортски сали во основните училишта е зголемена за 44% или 113 милиони денари. Ова се инвестиции во генерации, во таленти, во иднина“, заклучи Бојковска.