Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Предавање на тема „Психосоцијални аспекти на онколошките заболувања“

По повод Светскиот ден на Психо-онкологијата #WPOD2026 Меѓународниот Славјански универзитет организира стручно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Светскиот ден на Психо-онкологијата #WPOD2026 Меѓународниот Славјански универзитет организира стручно предавање на тема „Психосоцијални аспекти на онколошките заболувања“.

Предавач е м-р Розита Андонова, психолог и психотерапевт од ЈЗУ Општа болница Гевгелија, која преку своето професионално и долгогодишно искуство ќе сподели практични знаења и насоки за работа со оваа категорија пациенти.

-Предавањето ќе биде насочено кон разбирање на психолошките реакции кај онколошките пациенти, со цел унапредување на поддршката што им се обезбедува, како и развивање практични вештини кај студентите по психологија и идните здравствени работници. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со современи пристапи во психосоцијалната грижа, како и со значењето на интегрирањето на менталното здравје во третманот на пациентите со онколошки заболувања, стои во соопштението на Славјанскиот универзитет.

Реклама

Настанот којшто ќе се одржи со почеток во 11 часот, се реализира во рамки на глобалната иницијатива World Psycho-Oncology Day 2026, поддржана од International Psycho-Oncology Society, чија цел е подигнување на свеста за важноста на психосоцијалната поддршка во онколошката грижа и нејзино интегрирање во современите здравствени системи.