Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Пред официјалниот старт на годинешниот откуп на јаболката, утврдени откупните цени кои ќе зависат од сортата и квалитетот на родот    

 Од 18 до 22 денари за килограм во зависност од сортата, ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Од 18 до 22 денари за килограм во зависност од сортата, ќе се движат годинашните откупни цени на македонските јаболка. Минималната цена на сортата „ајдарет“ од прва класа да биде до 18 денари со тенденција за пораст, а додека за другите сорти таа да се движи од 20 до 22 денари за килограм. Ова беше договорено на вчерашната, инаку втора средба во последниве десетина дена помеѓу јаболкопроизводителите, откупувачите и министерот Трипуновски, а во пресрет на официјалниот старт на годинашниот откуп.   

„Тие ќе бидат веќе од понеделник истакнати на секое откупно место. Она што јас можам да им го ветам на земјоделците е дека процесот ќе го следиме преку Земјоделскиот инспекторат, да помине се’ согласно законите и процедурите и она што практично сме го договориле. И секоја тенденција за зголемување, нормално, согласно потребите на пазарот, ќе биде и корекција на самата цена“ – изјави Цветан Трипуновски, министер за земјоделство.  

Според Трипуновски, ова е првпат, после долги години, навремено и на заедничка маса со сите инволвирани страни, да се формираат откупни цени со што Министерството и на дело ја покажувало подготвеноста да биде вистински партнер на земједелците. Ваквиот нов приод наиде на одобрување и кај откупувачите кои сметаат дека само ако имало задоволни земјоделци, ќе имало и добри откупни компании.   

Реклама

„Сортните да бидат минимални цени од 20-22 ден., се’ зависи од сортите, па нагоре. Индустриското јаболко почнува со цена од 8 денари, со тенденција и тоа, а во зависност од побарувачката, да расте на повисоки цени, така што тоа ќе го следиме во текот на следните недели“, – кажа еден од откупувачите.   

Инаку, во последниве неколку години, македонските јаболкопроизводители постојано се жалаа дека заради целосната негрижа на државата драстично се намалува производството, а добар дел од родот, заради отсуството на пласман, особено по избувнувањето на војната во Украина, завршуваше и во водите од Перспанското Езеро. Сега пак, според министерот Трипуновски, во наредниот период Министерството останувало отворено за да се разговара за сите програми и поддршки кои што треба да ги дава, како и за измените на законите и процедурите кои што ќе значат дефинирање на одредени слабости кои што низ годините се случувале во текот на откупот.                                                                                                   

   Каролина Дурло