Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Прилози

Пред две недели излажа и негираше, синоќа призна: Филипче има златна виза за Дубаи, ја добил заради преговори за трансфер во болница таму

Пред две недели негираше дека има златна виза за Дубаи, но синоќа…

Сподели:

Пред две недели негираше дека има златна виза за Дубаи, но синоќа призна – Венко Филипче, екс министер во Владата на Заев и актуелен лидер на СДСМ, некако се предомисли, па и ја кажа вистината на јавноста дека виза имал, ама таа не била поврзана со недвижности, туку со преговори со Дубаи да направи трансфер во болница таму. Ама откако станал претседател на СДСМ и пратеник, овие преговори за заминување ги ставил во мирување.

Зошто пред само 15 дена не ја спомна работата во билницата, туку децидно ги отфрли обвинувањата дека поседува златна виза. Тогаш рече дека визата само му овозможува да патува, а не и да работи таму.

Во гостување на поткаст, сепак тој се изјасни дека има виза за работа во Дубаи, ама не била поврзана со бизнис, туку со работа во болница.

Реклама

По ова негово признавање за златна виза за Дубаи се отвораат многу прашања. Како Филипче добил златна виза, а само преговарал за работа во болницата? Во кое својство преговара, приватно, како министер, или како политички функционер во СДСМ? Зошто пред две недели даде поинаква изјава и тврдеше дека власта прави пропаганда. Според владејачката ВМРО ДПМНЕ, граѓаните заслужуваат одговори, а лидерот на СДСМ лаже.

Граѓаните имаат право да прашаат: Доколку визата не е заради инвестиции, тогаш за што е? И што точно е ставено на „стенд бај“ – некоја болница или нечија совест?, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Минатата година во ноември на социјалните мрежи осамнаа видеа како Венко Филипче заедно со Зоран Заев, екс лидерот на СДСМ, во Дубаи се забавуваат во друштво на познатиот пејач Харис Џиновиќ.

По ова, во јавноста проструија неколку тези. Се пишуваше дека Зоран Заев ги сели бизнисите, целиот капитал и пари во Дубаи. Но, каква е поврзаноста на Филипче со Дубаи и неговиот политички ментор Заев?

За линкот Филипче – Заев – Дубаи обвинуваа и дел од самите социјалдемократи.