Реклама
Македонија

Пред 4 години ги праќаа во опозиција, денеска ги молат за коалиција – СДСМ во скутот на ДУИ

Време е ДУИ да оди во опозиција. Pse jo BDI në opozitë?…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Време е ДУИ да оди во опозиција. Pse jo BDI në opozitë? Треба да одат во опозиција за да се реформираат – вакви изјави даваше Зоран Заев во кампањата пред изборите во 2020 година.

Темелеше кампања на тоа дека ДУИ е криминална партија, треба да оди во опозиција да се реформира и не се согласуваше за прв Албанец премиер – ама апетитите за фотелји ги совладаа и него и неговите сопартијци. Зоран Заев и во 2020 година ги излажа своите гласачи па падна во рацете на ДУИ. Наместо да ги испратат во опозиција како што им ја продаваа приказната на граѓаните, се претопија во нив.

Се започна пред четири години, со слоганот „Псе јо“ кој се појави на скопското Кале. Тогаш Али Ахмети посочи дека време е за ДУИ да го има првиот премиер Албанец. На ова жестоко реагираше Заев и напиша дека премиер Албанец нема да се случи.

Реклама

Доколку СДСМ победи на изборите, јас сум кандидатот за претседател на Влада и ќе бидам премиер. Соодветно на тоа, доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада – напиша Заев.

Сепак, по изборите Заев погази се што кажа и се испазари со Али Ахмети, па прифати премиер Албанец, во последните 100 дена од мандатот, денови кои сега ги живееме. Неговиот наследник Димитар Ковачевски продолжи по неговите стапки и не само што го испочитува договореното туку отиде и чекор понатаму – СДСМ стана помал парнер на ДУИ, има само 5 министри во техничката Влада.

Тоа што Талат Џафри дојде на чело на Владата е само продолжување на поданичката политика на СДСМ во однос на ДУИ, коментираат експертите, според кои целиот четири годишен мандат се гледло кој ги влече конците.

И пред да се именува Џафери ги имаше највлијателните места во Владата на поранешниот премиер, тоа беше затоа што ДУИ е клучна за формирање на влада и без нив ќе беа опозиција а не како партија дел од власта, затоа во партиските кулоари се зборува дека како прва опција на СДСМ е да настапи со заеднички листи со ДУИ бидејќи само така ќе им парираат на ВМРО-ДПМНЕ или ќе го минимизираат. И втора опција, ќе одат самостојно, што според анкетите што се објавуваат, најверојатно ќе изгубат многу – вели аналитичарот и новинар Џенур Исени.

Сега се гледа дека единствената цел кога биле протестите за пормена на власта, за едно општество за сите, не било по борба за подобар живот, туку борба за власт. Сите тези дека ДУИ е криминална партија, единствен мотив било само да се дограби до власта и да ги искористи бенефитите – вели аналитичарот Синиша Пекевски.

Наспорти сите ставови кои ги застапуваа во кампањата пред само четири години, сега СДСМ се додворува на ДУИ, велат и дека делеле исти европски вредности. Според експертите, ова е само обид да се убедат интегративците за заеднички предизборен настап, зашто социјалдемократите се надеваат дека само така можат да го ублажат неизбежниот пораз кои ги очекува.