Реклама
Прилози

Пречекан како херој и ослободител: Командантот на УЧК Блерим Рамадани од куќниот притвор во Скопје избега во Косово

Видно расположен, со насмевка на лицето, во прегратка на свој пријател и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Видно расположен, со насмевка на лицето, во прегратка на свој пријател и порака „добредојде ослободителу – бившиот командант на УЧК, Блерим Рамадани слободно шета на Косово откако завчера избега од скопскиот куќен притвор. Потврдата дека е заминат од Македонија е оваа фејсбук фотографија на извесен Несрет Шашивари од Косово. 

-Чичко Блерим Рамадани, добредојдовте дома во нашиот роден град, жал ни е зошто војната и слободата на Косово ви стојат на патот, Ослободителу, вечна почит, секогаш можеме да бидеме заедно, изјави Шашивари.

Слична порака испрати и Луан Јахири, потретседателот на организацијата на воените ветерани на УЧК.

Реклама

-Неговата одлука за бегство е донесена откако беше објавено дека ќе биде вратен во притвор и дека може да биде екстрадиран во Србија. Тој донесе добра одлука, би го направил истото и јас, вели Јахири.

Инаку, Рамадани избегл од куќниот притвор откако доушник му кажал дека полицијата се подготвува да го спакува и однесе во Шутка. Одлуката Рамадани да биде спроведен во ефективен притвор ја изрекле тројца судии, откако предходно судијата Пајазит Пајазити, и покрај различната судска пракса од Врховниот суд,  на изненадување на сите, реши да го испрати во куќен притвор.

Рамадани не е првиот случај на лице кое го бара Србија, а да не биде екстрадиран. Првиот е во 2016-та, а вториот во 2019-та година кога врховниот суд го ослободи од екстрадиционен притвор Тимор Морина. Така што одлуката на судијата Пајазит Пајазити е спртивна на тоа што се нарекува судска пракса.

А кој е Пајазити? Тоа е истиот судија, кој пред пред два дена, без било што да каже, безпоговорно ја прифати спогодбата со која екс-обвнинтелот Иџет Мемети призна дека бил дел од коруптивна мрежа, но доби само условна казна и останува на слобода. Сомнежите дека Пајазити носи политички одлуки не се ништо ново. Претходно реши да не им одреди притвор ниту на групата која упадна во констролната кула на Скопскиот Аеродром во јануари годинава, предводена од високиот функционер на ДУИ, Беким Незири.

За последните две одлуки на овој судија, во однос на Рамадани и Мемети, ќе истражува и Судскиот совет, донесена е одлука да се формира комисија со цел расветлување на целиот случај. Инаку, Пајазити ја извршување и функцијата потпретседател на Кривичниот суд.

Рамадани беше уапсен на 17 јули на граничниот премин Јажинце, по потерница од Србија поради сомнежи за злосторства во војната на Косово пред 25 години. Кривичен прво му одреди 30 дена екстрадиционен притвор, одлука која Пајазити ја смени на први август.

Матеја Петровски