Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Правобранителството ја заврши истрагата – новинарката на „Алфа“ навистина била новинар

Владата го прекршила Законот за стратешки инвестиции. Во Собранието ги испратила документите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата го прекршила Законот за стратешки инвестиции. Во Собранието ги испратила документите за Митилинеос без позитивно мислење од Државниот правобранител, како што е пропишано.

Алфа конечно дозна – Правобранителството дало „Амин“ за грчката инвестиција, но дури седум дена откако Владата одлучила да ја прогласи за стратешка.

Државното правобранителство даде позитивно мислење… за „Митилинеос “ мислењето е дадено на 23.01.2024 година, стои во одговорот од Државно правобранителство

Реклама

Една недела претходно, Владата по седницата одржана на 16-ти јануари со потпис од Артан Груби ги испратила документите во законодавниот дом. Со ова очигледно се става над сите закони, па и оние кои сама си ги пишува, во случајов законот за стратешки инвестиции.

Владата… го утврдува текстот на предлог законот со кој се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект по претходно добиено позитивно мислење од Државно правобранителство, стои во Законот.

Токму оваа одредба од Законот беше повод да побараме став од Правобранителот Агрон Речи како постапил, а одговор добивме по две недели откако изгледа навистина докажавме дека сме новинари. Имено, првично ни побара време во телефонски разговор, па потоа престана да одговора на нашите повици и пораки, по што после една недела ни одговори на е-маил дека не бил сигурен оти го прашува акредитиран новинар па не можел да каже, иако добива плата од народни пари па должност му е да одговора на дилемите и прашањата поставени од сите граѓани.

Во иднина овој орган ќе соработува само со официјална мејл коресподенција или по писмен пат доколку писмениот допис е издаден согласно деловната и правната регулатива, стои во дописот испратен до Алфа од Правобранителството.

Инаку договорот со Митилинеос беше промовиран како придобивка од Преспанската спогодба, но според енергетските експерти, тој не само што нема да има позитивно влијание на македонската економија, туку ќе ја загрози и енергетската иднина на земјата. Според договорот не само што треба да им дадеме државна помош од скоро 50 милиони евра на Грците, туку се обврзуваме да купуваме загарантирано количество електричната енергија, но и загарантирано количество толина која доаѓа како нус појава од самото производство на струја, без оглед дали на пазарот ќе има потреба за тоа или не.