Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Прилози

Правниците со поддршка за Савевски, конечниот збор ќе го има Собранието

Изборот на Владата да го предложи судијата Ненад Савевски за државен обвинител…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изборот на Владата да го предложи судијата Ненад Савевски за државен обвинител предизвика позитивни реакции кај дел од правната фела. Го нарекуваат непартиски човек кој досега неколку пати се спротивставил на политички вијанија, барајќи да се спроведува законот. Адвокатот Јанаки Митровски од својот колега судијата Савевски очекува многу. Тој вели дека државниот обвинител ќе има тешка задача пред себе пред се да се избори за финансиска независнот, но и да одолее на политичките притисоци.

„Јанаки Митровски, адвокат Поминува кандидат кој што бил за мене уникатен пример на судија кој што имал храброст и да крене глас против политиката и да се спротистави на политиката и единствен кој што се се одлучи на пример кога не го избраа за дирејктор на Академија да го оспори на Суд формално речено да оди против желбите на можеби владејачката партија, така да во тој дел сум задоволен и имам високи очекувања, се работи за човек со кој што сме соработувале повеќето адвокати, е високо професионален и многу коректен“, изјави адвокатот Јанаки Митровски.

Предлогот на Владата ќе биде доставен до Собранието, каде Савевски ќе треба да го помине последниот филтер. За неговиот избор потребно е мнозинство од најмалку 62 пратеници.

Реклама

Името на Ненад Савевски и претходно се појавуваше во јавноста. Во 2024 година тој ја тужеше Академијата за судии и јавни обвинители, откако за само еден глас загуби во трката за директор од сегашната директорка Ирина Трајкоска-Стезорска. Тужбата ја поднесе поради, како што тврдеше, нетранспарентен избор од страна на Управниот одбор.

Савевски реагираше и на изборот на вршител на должност претседател на Кривичниот суд, кога беше избрана Даниела Димовска, иако беше 11-та на ранг-листата. „Одете си од таму веќе! Доста е од вас! Брука сте! Срам сте за судиите кои гласале за вас!“, напиша тогаш Савевски.

Неговата кариера во правосудството се развивала постепено. Започнал како судски приправник во Основниот суд во Гостивар, потоа работел како стручен соработник, а од 2009 до 2016 година бил јавен обвинител. Од септември 2016 година е судија во Кривичниот суд во Скопје, каде работи на предмети од кривичната област, вклучително и организиран криминал и корупција. Во изминатите години бил и предавач на Академијата за судии и јавни обвинители.

Во трката за државен јавен обвинител имаше пет кандидати. Советот на јавни обвинители на 17 февруари даде позитивно мислење за четворица: в.д. државната обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата Ненад Савевски и обвинителката Лидија Раичевиќ. За Владимир Панчевски, пак, Советот едногласно оцени дека не ги исполнува законските услови за работен стаж.