Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

Правници експерти: Институциите не функционираат, неопходни се итни реформи во правосудството и администрацијата

Правните експерти очекуваат од идната влада веднаш по формирањето,уште во првите 6…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правните експерти очекуваат од идната влада веднаш по формирањето,уште во првите 6 месеци од мандатот да се наосочи кон реформи на правосудниот систем и јавната администрација.До сега нити една македонска влада не смогна сили да се справи со беззаконието, правосудството го допре дното, што резултираше со заробени институции и блокада на целиот систем-ценат еминетните универзитетски професори.

„Гледате судскиот совет како рогови во вреќа, обвинителскиот совет па го нема никаде, непрепознатливи се, а тие треба да бидат стожерот, контролор, трета власта да биде.Треба комплет да се преиспита улогата и на судскиот совет и улогата на обвинителскот совет и улогата на академијата на судии, дали таа академија ги оствари очекувањата”, вели професор д-р Борче Давитковски.

 „Очигледно е дека институциите не функционираат и штом не фукционираат, резултатот е тој  затоа треба да се направат коренити промени и во судство и во обвинителство”, вели пензионираниот професор Арсен Јаневски.

Реклама

До сега не постеше политичка воља да се направат суштински реформи, наместо тоа доминираше влијанието на политиката врз судството што резултираше со непостоење на правна држава,носење на бирократски закони и појава на корупција против која идната влада треба да се бори.

„Доколку таа борба биде само фиктивна со носење на закони каде што имаме на некој начин амнестија, тоа претставува атентат на самиот правен систем како она што се случи со намалување на казнивите дела последниот пат со укинување на одредени кривични дела што укажува порака дека  имаме неказнивост и дека можеби тоа ќе се случи понатаму и во иднина”, Ангел Ристов,универзитетски професор 

Кога станува збор за реформи во јавната администрација,Македонија во септември ќе го добие нацрниот извештај испорачан во последниве 20 години,бидејќи претходната влада 4- те закони кои требаше да ги донесе до крајот на 2023-та не ги донесе,укажуваат правните експерти.Нашите власти велат, треба да знаат дека реформи не правиме за да влеземе во ЕУ туку за да се подобри животот и стандардот на македонските граѓани. Ако  направиме вистински реформи како во правосудството така во јавната администација и ако граѓаните ги почувствуваат тие бенетифи,тогаш можеме да аплицираме кон Европа.

Росица Голабоска