Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Правната фела порачува: Граѓаните да тужат пред Уставниот суд или пред судот во Стразбур, а виновниците да одговараат пред законот

Тужба пред Уставниот суд, како и пред судот во Стразбур се опциите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тужба пред Уставниот суд, како и пред судот во Стразбур се опциите на граѓаните кои по уставните измени извадиле нови лични документи, а на кои пишува „Република Македонија“. Адвокатот Јанаки Митровски вели дека државата ги кршела сопствените закони со тоа што во овој период издавала документи без додавката „Северна“. Затоа, според него, властодршците мора да сносат и политичка одговорност – се брзале да бакнуваат пенкала и да разменува вратоврски за потпишувањето на договорот од Преспа, без да ги согледа далекусежните последици кои следат.

  • „Со вакквиот проблем се задира во уставно загаринтараната одредба, кажува дека покрај тоа што може слободно да се движите во државата, слободно може да излегувате и да се враќате од државата и тука има основ да се бара пред нашиот устваен суд, а потоа и пред стразбург за повреда на забраната за дискреминација како една од основните права.“ – Појасни Адвокатот Јанаки Митровски.

Поранешниот судија Владимир Туфегџиќ пак, на социјалните мрежи порача дека оние кои пуштиле стари обрасци за изработка на лични документи и покрај тоа што законски требало нови, уште утре да се се јават во јавно обвинителство.

  • „Тој што во изминатите 5 години нарачувал и пуштал во промет стари обрасци и овозможил изработка и издавање лични документи со важност подолго од 12.02.2024 иако знаел дека важноста на истите е до 12.02.2024, на 13.02 сабајле во 08:000 треба да биде во Јавно обвинителство“ – Напиша поранешниот судија Туфегџиќ на Фејсбук.

Хаосот со документите удира по сите граѓани, но најмногу врз оние чии работни задачи зависат од возачката дозвола, како шофери, дистрибутери и таксисти, чиј опстанок и егзистенција може да биде загрозена.

Реклама
  • „Грешката е во извршната власт која што 5 години не најде за сходно да реагира ниту пак, кога против волјата на целокупниот народ го потпиша оној погубен и штетен договор, кога тоа се направи, не успеа, немаше доволно сенс да претпостават една ваква ситуација, а не дека е тешко да се претпостави, а и во корелација со нашиот менталитет, се да се прави во последна секунда. – Додаде адвокатот Митровски.

Иако суштинската поента на возачките дозволи е граѓаните да докажат дека се способни да управуваат со моторно возило, а сообраќајната книшка служи само како потврда за сопственост и регистрација, се појавијва бројни нејаснотии за кои се уште нема одговори – дали при евентуална сообраќајна несреќа осигурителните компании ќе ги сметаат овие документи за важечки.

Никола Цветкоски