Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Прилози

Пратениците ќе гласаат за интерпелациите за членовите на Судскиот совет, СДСМ нема да даде поддршка

Кучињата лаат караванот си врви. Закажаните интерпелации во Собрание воопшто не им…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кучињата лаат караванот си врви. Закажаните интерпелации во Собрание воопшто не им ја поместија работата на членовите на Судски совет. На денешната седница, тие со полна пареа избираа судии и претседатели на судови за цела држава. Засега не се знае дали Весна Дамева, Милазим Мустафа, Павлина Црвенковска, Селим Адеми и Тања Чачарова Илиевска утре ќе се појават на седницата во Собрание за да се изјаснат за нивните интерпелации.

Првиот човек на Судскиот совет Александар Камбовски не знае што ќе се случува утре, ниту дали некој од членовите ќе си поднесе оставка доколку им се изгласа недоверба од пратениците.

Додека членовите на советот никого не фермаат и си тераат по свое, партии со спротивставени ставови за закажаните интерпелации. Брзањето со интерпелациите на петтемина членови на Судскиот совет, во услови кога се подготвува нов закон за ова тело ги обелоденувало вистинските намери на власта. Од СДСМ жестоко ја оквалификуваа иницијативата на владејачкото мнозинство за интерпелацијата на членовите.

Реклама

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Драган Ковачки, пак, вели дека правосудството во Македонија мора да се ослободи од политичките стеги на СДСМ и ДУИ. Тој потсети на политичкиот ангажман на поранешната претседателка Весна Дамева во СДСМ, а исто така и на нејзините претходници кои ја сведоа довербата на граѓаните во судството на само 2 %.

Дамева засега не открива дали ќе си поднесе оставка, доколку ѝ биде изгласана недоверба.

Членовите на Судскиот совет го искористија законското право и во рок од 15 денови по приемот на интерпелациите, писмено му одговорија на собранискиот спикер Африм Гаши. Утре, според деловникот, се предвидува 20 минути за образложување на интерпелацијата, од страна на еден од пратениците коишто ја поднеле и исто толку време за одговор од страна на лицето кому му се гласа доверба.

Паралелно со интерпелацијата на петтемина членови на Судскиот совет, македонската влада иницираше и постапка за разрешување на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски.