Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Пратеничката Костадиновска Стојчевска на состанок на Мониторинг комисијата на ПССЕ

Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска учествува на состанокот на Мониторинг комисијата на Парламентарното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска учествува на состанокот на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, што денеска се одржува во Париз. Дневниот ред на состанокот, што се одржува зад затворени врати, го вклучува и Извештајот и прелиминарната нацрт резолуција за пост-мониторинг дијалогот на Парламентарното собрание на Советот на Европа со Македонија, подготвен од известителите Сибел Арслан од Швајцарија од Групата на Социјалистите и Џозеф О’Рајли од Ирска од Европските народни партии, информираат попладнево од собраниската прес-служба.

– Другите точки на дневниот ред за што ќе расправаат членовите на Мониторинг комисијата се напредокот на мониторинг постапката на Парламентарното собрание за периодот од јануари до декември 2025 година, потоа почитувањето на обврските и заложбите преземени од страна на Грузија при приемот во Советот на Европа, почитување на обврските и заложбите од страна на Турција, функционирањето на демократските институции во Словачка, пост-мониторинг дијалогот со Албанија, функционирањето на демократските институции во Босна и Херцеговина, како и почитувањето на обврските и заложбите на Шпанија преземени при членството во Организацијата, се наведува во соопштението.

Се додава дека Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа е одговорна за следење на услогласеноста на земјите-членки со основните демократски стандарди, како што се слободните избори, владеењето на правото, човековите права и судската независност.

Реклама

– Комисијата има на располагање неколку механизми и тоа целосна мониторинг постапка што подразбира поблизок и поредовен надзор, пост-мониторинг дијалог како полесен систем на следење на преостанатите обврски и давање совети, како и периодични извештаи до Парламентарното собрание за напредокот на секоја земја членка и предлагање резолуции или препораки за понатамошни дејствија, истакнуваат од собраниската прес-служба.

Мониторинг комисијата, нагласуваат, има за цел да ги поддржи земјите-членки во зајакнувањето на нивните демократски институции и исполнувањето на стандардите на Советот на Европа.