Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Практични совети од српскиот врвен невролог Војводиќ: Топол туш, разладена спална соба и без мобилни телефони за добар сон во лето

Само една непреспиена ноќ може да го покачи крвниот притисок, а редовната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само една непреспиена ноќ може да го покачи крвниот притисок, а редовната несоница влијае на целокупното здравје. Затоа пак, подолгото спиење за време на викенд може да помогне за ревитализација на телото. Еден од најпознатите српски невролози во регионот, професорот Никола Војводиќ, пред неколку дена во емисија на „Инсајдер“ Телевизија на сосема разбирлив начин откри зошто е потешко да се спие во лето, дали ноќта е подобра за спиење и како да си самопомогнеме во случај на несоница.

Според Војводиќ, дури 50 отсто од хроничните несоници немаат никаква конкретна причина. Останатите се од некое соматско или невролошко заболување или од психолошка природа, како на пример депресија, анксиозност и слично. Според докторот, кај оние кај кои несоницата се јавува тукутака, всушност се работи за зголемено лачење на орексин, супстанција од хипоталамусот која нè држи будни.

– Нас не ни се приспива поради мелатонинот. Мелатонинот само вели дека е во ред да одите да спиете. Нас ни се приспива поради акумулирање на метаболичкиот отпад. Тој метаболички отпад се вика аденозин. И кога ќе испиеме кафе, кофеинот е многу моќен блокатор на рецепторите за аденозин. И ние се разбудуваме во тој момент. Но, аденозинот продолжува да се трупа и кога ќе помине ефектот на кофеинот, нас уште повеќе ни се приспива. Тоа се вика „рибаунд“ (rebound) ефект. Токму функцијата на првата фаза од спиењето е да го чисти аденозинот од мозокот. Тоа е многу важно бидејќи придонесува за ресторативната функција на мозокот, за да се будиме со чувство дека сме одморени и дека повеќе не ни се спие. А од друга страна, ослободува простор за формирање на нови невронски врски, а тоа е многу важно за функцијата на паметењето – објаснува Војводиќ за тоа како спиеме.

Реклама

Како да го истренирате мозокот да спие

За квалитетен сон, професорот истакнува дека мозокот мора да се „тренира“ исто како што се тренираат мускулите во теретана, а првиот чекор е елиминирање на екраните пред заспивање.

– Сината светлина од екраните е погубна за лачењето на мелатонин — таа буквално го разградува. Мозокот потполно ја губи информацијата дека е време за спиење. Затоа е многу важно, минимум 20 минути до половина час пред да тргнете во кревет, да завршите со сите екрани што ви се при рака – вели д-р Војводиќ.

Алкохолот исто така не помага во спиењето — тој нагласува дека за мозокот не е дозволена ниту капка пиво, вино, ракија или кој било друг алкохол (дозволената доза е нула промили). Вториот трик што тој го препорачува е топол туш непосредно пред легнување.

– Истуширајте се со топла вода. Кога ќе излезете од бањата, имате впечаток дека воздухот од собата малку ве лади. Тоа малку ја соборува температурата на кожата и му дава директен сигнал на мозокот дека е време за спиење. Доколку и покрај сè не можете да заспиете за 15 до 20 минути, станете од креветот, прочитајте лесна литература или пуштете релаксирачка музика. Немојте да лежите и да се борите во креветот – советува неврологот.

Тој исто така предупредува дека земањето седативи и бензодиазепини на своја рака не нуди вистински одмор:

– Ниту една од тие таблети всушност не е лек кој доведува до физиолошко спиење. Тие многу ја нарушуваат архитектониката на спиењето, ја менуваат структурата на споробрановата и РЕМ фазата. Човекот ќе спие, но тоа спиење во функционална смисла нема да биде доволно ефикасно – објаснува д-р Војводиќ.

Во лето непријател на сонот се тропските температури

Во лето, главен непријател на добриот сон се тропските температури, особено во градовите. Објаснувањето на докторот е дека во поразладен простор подобро се спие, додека бетонот и асфалтот дополнително зрачат топлина во текот на ноќта, со што организмот тешко го постигнува оној пад на температурата што е неопходен за заспивање.

– Еден од главните иницијатори за спиење е благиот пад на телесната температура. Кога ќе почне да се лачи мелатонин, организмот почнува да оддава топлина за 0,5 до 1 степен Целзиусов. Тоа е многу моќен покренувач на оние механизми кои го воведуваат човекот во сон. За време на спиењето — посебно во РЕМ фазата — луѓето ја губат природната терморегулација, па затоа спиењето во прегреана просторија предизвикува постојан стрес за организмот. Ако спиеме во услови на ненормално висока надворешна температура, организмот ќе се прегрее. Или ќе спиеме лошо или наутро ќе се будиме со чувство дека не сме спиеле, со тежина во главата и умор. Идеално би било со помош на уреди да ја регулираме температурата во собата на 21 до 23 степени, да се покриеме со лесен покривач и така да спиеме под клима – објаснува д-р Војводиќ