Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Пожарот во прилепскиот дел на Мариово, не стивнува, и понатаму загрозени се неколку села

    Огнената стихија која веќе петти ден беснее во прилепскиот дел на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

    Огнената стихија која веќе петти ден беснее во прилепскиот дел на Мариово, не стивнува. И покрај натчовечката борба со пламените јазици на над 200 професионални пожарникари од речиси сите територијални противпожарни единици од земјава, на армиски припадници, на вработени од јавните претпријатија, на Национални шуми, на локални жители, како и на воздушната поддршка од еден воздухоплов, линијата на пожарот денеска се шири и достигна над 25 километри на површина од над 8.000 хектари, главно со ниска деградирана вегетација.

 – „Критично е кај селото Крушевица, загрозено е од два фронта. Исто така, пожар за кој што вчера рековме дека нема опасност кај селото Пештани, се движеше во друг правец, меѓутоа ветрот го смени правецот на пожарот и повторно се движи кон селото Пештани…Пожар има и под репетиторите кои што се наоѓаат кај селото Штавица, огнот веќе слегува надолу, меѓутоа се’ уште не е фатена боровата шума што е добро во овој момент“, – истакна Ирена Стерјовска, началник на ОКШ.

   Заради интензивното горење на сувата вегетација, а која е високо структурирана, веќе неколку денови градот и околината се завиени во густ чад, што пак, и го отежнуваше гасењето од воздух. Но, од ОКШ уверуваат дека аеро-загадувањето било во нормалните граници и дека место за паника нема.

Реклама

  „Во општина Прилеп загаденоста на воздухот е ниска, или дури и многу ниска, така што параматерите не се ни приближно до максималните вредности…Тој мирис вчера што го чувствуваме доаѓа впрочем од пожарот кај Велес, а се’ уште не го чувствуваме мирисот од пожарот кој доаѓа од над планината Селечкa“, – објаснува Стерјовска.

   Пожар има и над Манастирот „Св. Никола“ кај селото Прилепец, но според проценките на надлежните тој е се’ уште високо и засега се држи под контрола за да не се спушта надолу. Според Стерјовска, иако огнената стихија во мариовско е „разбудено чудовиште“, сепак, засега нема потреба од доброволно вклучување на необученото население .

Каролина Дурло