Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

Пожарот кај Битола на Пелистер е целосно изгаснат

По тешката и непроспиена ноќ, од денеска напладне, битолчани можат да здивнат.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По тешката и непроспиена ноќ, од денеска напладне, битолчани можат да здивнат. Големиот пожар кој избувна вчера во попладневните часови кај местото викано Смолево во подпелистерието, денеска околу пладне, целосно е изгаснат. Беспоштедната борба со пламените јазици кои му се закануваа дури и на Националниот парк „Пелистер“, а и на селото Буково, траеше преку 20 часа.

  • „Пожарот кај Битола, на Пелистер е изгаснат целосно од страна на битолските пожарникари, со поддршка на хрватскиот канадер и два ЕР- трактори на ДСЗ“, – ни рече за Алфа, Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

   Дека овој пожар денеска е ликвидиран, а кој уште од стартот беше окарактеризиран како тежок, пред се’ заради тешко пристапниот терен, но и заради боровата шума, а за која се знае дека е доста опасна при согорувањето, ни потврди и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

  • Доста тешко е, затоа што боровата шума е борова шума, мислам опасна е и не можеме да се доближиме во никој случај“, – кажа Горан Димковски, командир на ТППЕ Битола.
  • Како и завчера, така и денеска, до пладне ете, успеавме да му се спротиставиме и на овој оган. За волја на вистината, синоќа колку-толку ни помогна и дождот што подзаврна и кој иако целосно не ги изгасна огромните пламени јазици, ама барем им ја зеде силата, а скриените жаришта – ги загуши. Сепак, работата најмногу ја завршија четирите воздухоплови кои утрово ни беа испратени како државна воздушна поддршка на над стотината пожарникари, вработени од јавните претпријатија, доброволни друштва, но и граѓани кои цела ноќ беа очи во очи со распламтената стихија. Огромна благодарност до сите нив“, ни изјави градоначалникот Коњановски.

Засега, нема информации за тоа што се опустоши овој пожар кој беше на само десетина километри од Националниот парк „Пелистер“, а кој започна во близина на Смолевската рекреативна зона над „Тумбе кафе“ и за кратко да се прошири кон Стрежевскиот канал и кон селото Буково. А со оглед на тоа што овој пожар избувна на сосема спротивна страна од завчерашниот и тоа од среде шума, се посериозни се сомневањата дека пожарите се подметнуваат, заради што и МВР максимално ги засилува контролите.

Реклама

Каролина Дурло