Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Пожарникарите доброволци кај кочанскиот градоначалник, се бараат извори на финансирање на ДПД

Градоначалникот Владко Грозданов оствари официјална средба со претставници на Доброволното противпожарно друштво…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот Владко Грозданов оствари официјална средба со претставници на Доброволното противпожарно друштво – Кочани, информираат од Општина Кочани.

Во присуство на претседателот на Општинскиот советот, Александар Андов, на состанокот се разговараше за унапредување на идната соработка, како и за претстојните активности и проекти на ДПД – Кочани.

Посебен акцент беше ставен на прашањето за начинот на финансирање на друштвото, кое претставува значајна поддршка во функционирањето на системот за противпожарна заштита во општината, се наведува во соопштението.

Реклама

Градоначалникот Грозданов ја истакна подготвеноста на Општина Кочани за продолжување на соработката и за натамошна поддршка на доброволните пожарникари, со цел подобрување на нивните ресурси и ефикасност во справување со пожари и други интервенции, велат од Општината.