Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Пожар во пречистителна станица во Кочанско, пожарникарите спречиле експлозија на метан

Спречена експлозија на метан во Кочанско. Пожарникари успеале брзо да го совладаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спречена експлозија на метан во Кочанско. Пожарникари успеале брзо да го совладаат пожарот кој избувнал во пречистителната станица за отпадни води во селото Мојанци. Пламените јазици се појавиле на инсталација на системот за пренос на гасот, при што се запалиле цевки од системот.

„Ние добивме дојава за пожар во 20:30 часот од лице вработено во пречистителната станица во Мојанци дека има запалена инсталација на преработка на сулфур, за преработка на метан. Реагиравме веднаш со четири возила и осум пожарникари. Со нас беше и возило од ДПД. Пожарот од наша страна брзо е локализиран и изгаснат“, изјави Драган Апостолов, командир на кочанската ТППЕ.

Пожарникарите не можат да направат проценка колкава штета би се предизвикала ако експлодирал метанот.

Реклама

„Не можам да кажам колкава е опасноста. До самата преработка на сулфорот постои еден голем балон, кој со преработка на сулфур од пречистителната станица се полни со метан. Беше голем пожарот, со сериозен карактер“, изјави Драган Апостолов, командир на кочанската ТППЕ.

Има само материјална штета, а причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.

Командирот апелира да не се пали оган на отворено во близина на пречистителната станица, каде што има земјоделско земјиште.