Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

100 тони хемикалии изгореа во тетовско Фалише, воздухот енормно загаден, населението да не излегува надвор

Жителите на село Фалише, тетовско, да ги затворат прозорците и да не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жителите на село Фалише, тетовско, да ги затворат прозорците и да не излегуваат од дома, забрането е движење во радиус од два километри од фабриката за бои и лакови откако избувна пожар и горат околу 100 тони хемикалии. ЦУК алармира за енормна загаденост на воздухот. Директорот, Стојанче Ангелов побарал од Министерството за животна средина да испратат мобилна станица за мерење на загаденоста, но од Министерството добиле одговор дека таква не поседувале.

Поради високата температура постои опасност да се сруши и целата зграда и ѕидовите. Тука е забрането да се движат граѓаните. Апелирам да не излегуваат воопшто од дома ако нема потреба. Не се знае колкава е загаденоста но се работи за многу хемикалии“, изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Во наредниот период Центарот за јавно здравје ќе изврши испитување на водата и почвата.

Реклама

„Наша препорака е без потреба да не се биде на ова место затоа што во моментов во воздухот имаме јаглен моноксид, јаглен диоксид, диоксини и други штетни материи. Исто така, во радиус од 2 километри на луѓето им се препорачува да бидат во своите домови и без потреба да не излегуваат надвор. Во наредниот период ќе се изврши испитување на водата и почвата за да се утврди дали има загадување“, изјави д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје од Тетово.

Огнената стихија откако го голтна речиси цел магацин и продажен салон на „Евроком“, на површина од 1000 метри квадратни се става под контрола. Противпожарната единица Тетово со колеги од Куманово, Велес, Скопје и Гостивар успеаја да  спречат пожарот да се прошири на соседните објекти.