Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Пожар на дел од депонијата „Буково“ во Охрид

Пожар изутрината избувна на депонијата „Буково“ во Охрид, на дел што подолго…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожар изутрината избувна на депонијата „Буково“ во Охрид, на дел што подолго време не се одлага комунален отпад.

Како што информираат од ЈП „Охридски Комуналец“, екипи на претпријатието заедно со припадници на Територијалната противпожарна единица од Охрид се на терен и работат на локализирање на пожарот. Се врши пресек и создавање заштитна линија со цел да се спречи неговото понатамошно ширење.

Од ЈП „Охридски Комуналец“ велат дека состојбата континуирано се следи, а екипите ќе останат на терен додека е потребно за пожарот целосно да се стави под контрола.

Реклама

Во однос на причините за избувнувањето, засега не се исклучува можноста пожарот да е намерно подметнат. Причината ќе биде утврдена од надлежните институции по спроведување на соодветна постапка.

Од претпријатието информираат дека оваа година на депонијата „Буково“ се однесени и депонирани над осум илјади метри кубни земја за прекривање и стабилизирање на делови од депонијата, како и за намалување на можноста за појава и ширење пожари.