Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

🎥 Повторно активиран шумски пожар кај ловиштето „Јасен“, во тек интензивно гаснење од воздух и земја

Вчера попладне изби шумски пожар на територијата на ЈП ловиште Јасен околу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вчера попладне изби шумски пожар на територијата на ЈП ловиште Јасен околу неколку километри после капијата за влез од скопската страна (т.н. “капија Кула”).

„На местото на пожарот веднаш се упатија вработените од Јасен кои дејствуваа врз пожарот од земја на исклучително тежок терен. Набргу потоа со дејство врз пожарот започнаа два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување а подоцна на нив се придружија и два полициски хеликолтери“, изјави Стојанче Анѓелов.

Пред стемнување пожарот најпрво беше ставен под целосна контрола а потоа и целосно изгаснат без знаци на горење. Од стрна на вработените од Јасен беше извршена контрола на изгаснатата линија на пожарот и никаде не беа забележани знаци на горење.

Реклама

Во текот на ноќта пожарот повторно се реактивирал поради што рано наутро екипите на Јасен повторно излегоа на терен и почнаа со гаснење на местата каде тоа беше возможно од земја. Како подршка веднаш се упатени два полициски хеликоптери кои со извонредно прецизно дејство помагаат за совладување на овој шумски пожар. Нешто подоцна со дејство започнаа и два ер трактори на ДЗС.

И покрај исклучително тешкиот терен, се прават напори пожарот да биде ставен под контрола во текот на денешниот ден. Теренските услови не дозволуваат употреба на специјалните возила на ДЗС.