Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Прилози

„Поврзан Балкан – посилна Европа: интерконекторот Македонија-Србија оди напред со забрзано темпо“

До 2027 година, Македонија ќе добие нов гасен интерконектор во соработка со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До 2027 година, Македонија ќе добие нов гасен интерконектор во соработка со Србија со должина од околу 67 километри. Се предвидува да ги поврзе гасните системи на двете земји: на македонска страна со приклучување кај Клечовце, а во Србија со националната гасоводна мрежа во близина на Врање. Министерката за енергетика Сања Божиновска на својата работна посета во Белград со нејзината српска колешка, ја истакна важноста на овој проект со стратешко значење за регионалната поврзаност и енергетска безбедност.

 „Интерконекторот со Србија е клучниот проект што ќе ја отвори нашата земја кон нови извори на гас и ќе ја засили регионалната енергетска стабилност. Но ова е и една од најважните инфраструктурни врски за целиот регион – значајна не само за Македонија и Србија, туку и за цела Европа. Имаме завршени студии, усогласена рута и координирана акција која веќе се спроведува. Нашата цел е интерконекторот да стане реалност во најскоро време, затоа што секој ден е важен за сигурноста на граѓаните и економијата.“ истакна Божиновска.

Интерконекторот е предвиден да биде технички подготвен за идниот транспорт на водород, усогласено со долгогодишните европски енергетски цели и зелените политики. Забрзаната реализација на овој проект беше главниот фокус на посетата , а на неа се дискутирало за клучните техники, како и финансиските и институционалните чекори потребни за изградба.

Реклама

„Гасниот интерконектор со Македонија е проект што има значење подалеку од нашите граници. Тој е дел од визија за регион кој е енергетски поврзан, стабилен и усогласен со европските цели. Соработката со министерката Божиновска и македонскиот тим е интензивна и конструктивна. Со поддршка од ‘Транспорт гас Србија’ и ‘Номагас’ ќе создадеме нова енергетска оска на стабилност меѓу двете земји. Се согласивме на интензивни редовни средби, со цел интерконекторот да стане реалност во најскоро време.“– истакна Српската министерка за енергетика, рударство и минерални суровини Дубравка Хандановиќ Ѓуровиќ.

За финансирањето има интерес и од Светската банка и други комерцијални банки, бидејќи интерконекторот претставува дел од пошироката визија за диверзифициран и сигурен регионален пазар. Двете држави, заедно со тимот од Секторот за нафта и гас и раководните лица од Номагас, МЕМО и МЕПСО, ја потврдија целосната посветеност за интензивна координација и навремено исполнување на сите обврски.