Доблесен и логичен потег е повикот на премиерот Христијан Мицкоски за обединување во заштита на македонските национални интереси и идентитет. Но, според познавачите и повеќе од очекувано е што лидерот на СДСМ Венко Филипче, одбива поставување на црвени линии и продолжува да уценува со уставни измени, по желба на Бугарија и тоа веднаш. Новинарот Бранко Героски, за Алфа вели дека позициите на социјалдемократите се познати од поодамна, а Филипче само покажувал дека игра по нотите на својот близок пријател Зоран Заев.
-СДСМ на чело со Венко Филипче, всушност на чело со Зоран Заев лидерот во сенка, дефинитивно стои на истите позиции на кои стои веќе пет години. Народот знае, луѓето знаат дека тоа се позиции живковистички, позиции договорени со нели Бојко љубави Борисов, изјави Героски.
Филипче кажа дека не гледа било какво обединување доколку не се прифатело барањето на СДСМ, за внесување на Бугарите во Уставот веднаш. Политичкиот аналитичар Петар Арсовски, вели дека на државата и е потребен натпартиски договор околу заеднички црвени линии, а секој што одбива такво нешто покажува неконструктивност.

-Било кој потег кој ќе направи некакви заеднички црвени линии или ќе направи некаков заеднички план околу иднината, па вклучително и евроинтеграциите не може да биде лош. Мислам дека тоа е токму тоа што ни недостасува. Мислам дека е неопходно партиите да најдат некаков натпартиски консензус и некаков натпартиски план, вклучително и за црвените линии. Мислам дека секој кој го одбива тоа, ризикува да изгледа како неконструктивен, изјави Арсовски.
Героски се чуди и на зборовите на Филипче дека никаде не гледал негирање на македонскиот идентитет. Според него СДСМ во минатото веќе ги срушила позициите на Македонија.
Тоа во една прилика Зоран Заев го кажа јавно, дека ние и Бугарите сме еден народ, така го кажа директно. Така што убедувањата на Венко Филипче дека никој не не негира, дека процесот пристапен ќе биде без никакви условувања итн, се убедувања кого никого всушност не можат да го убедат во основа, изјави Героски.
СДСМ во партнерство со ДУИ, прифатија се што Бугарија побара. Прво беше потпишан Договорот за добрососедство, потоа го прифатија и францускиот предлог, со кој се согласија на уставните измени. Дополнително и билатералните протоколи, со кои се негира македонскиот идентитет, како и многу други отстапки кон официјална Софија, кои станаа услов на европскиот пат на Македонија.
Матеја Петровски
