Реклама

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Македонија

Повеќе средства од општинскиот буџет за програмата за социјална заштита во Куманово

За 1.150.000 денари се зголемени средствата за три мерки од pрограмата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За 1.150.000 денари се зголемени средствата за три мерки од pрограмата за социјална заштита на Општина Куманово за 2026 година. Со одлука на Советот, дополнителни 300.000 денари се наменети за помош при домување, 200.000 денари за народната кујна и 650.000 денари за повластено користење на паркинг услуги.

Раководителот на Секторот за социјална заштита, Дејан Стојановски, образложи дека во општинскиот буџет првично биле предвидени 21 милион и 544 илјади денари за реализација на програмата, но анализата на досегашното спроведување покажала потреба од дополнителни средства. Со измените, средствата за помош при домување се зголемуваат од 600.000 на 900.000 денари, за народната кујна од четири милиони на 4,2 милиони денари, а за повластено користење на паркинг услугите на јавните паркиралишта и јавните површини со кои стопанисува ЈП „Куманово-паркинг“ од четири милиони на 4,65 милиони денари.

– Во најголем дел причината е зголемениот број барања по однос на овие мерки. Кај помошта за домување, покрај поголемиот број баратели, се покажа дека и првично планираните средства биле недоволни. Суштински ништо не се менува во програмата во однос на мерките и нивната реализација, туку се интервенира само во финансискиот дел, односно во сумите предвидени за секоја од нив- изјави Стојановски.

Реклама

Тој појасни дека јавните повици за најголем дел од овие мерки се објавуваат во јануари, а граѓаните кои ќе го остварат правото ја користат поддршката во текот на целата година. Поради тоа, при планирањето на средствата за следната година се прави проценка врз основа на претходните искуства, но реалниот број барања може да отстапува од првичните очекувања.

Во однос на информирањето на граѓаните, Стојановски посочи дека постојат различни рокови за поднесување барања зависно од мерката. Како пример ја посочи еднократната парична помош, за која барањата се поднесуваат секој месец, од први до петти, по што комисија во рамки на секторот ги разгледува и одлучува за нивната основаност. Зголемувањето на средствата за трите мерки е предвидено со измените на актуелната програма, без промени во условите и начинот на остварување на правата.