Реклама

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Здравство

Повеќе ред и помалку трошоци, новиот Правилник за боледување носи олеснување за пациенти и лекари

Помалку трошоци и повеќе ред во здравствениот систем ќе донесе новиот Правилник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Помалку трошоци и повеќе ред во здравствениот систем ќе донесе новиот Правилник за боледување.  Проценката за дијагнозата ќе ја носат матичните лекари  со што нема да биде потребно да ги  упатуваат пациентите  на допполнителни испитувања. Со ова  се олеснува постапката и за пацинетите да ја добијат побрзо дијагнозата.  Претходно  за ова  се чекало седум, осум па и девет дена. Матичните велат дека нема некоја многу драстична промена, треба само  да се запазат   одредени процедури. И понатаму  остануваат  надлежни за продолжување на  боледувањето до 15 дена.

-После петиот ден ќе треба да се направи некое лабараториско испитување, некоја друга дијагностичка метода или специјалистичи преглед но тоа не значи дека на пациентот нема да му се продолжи боледувањето ако матичниот лекар утврди дека треба да го продолжи боледувањето и да ги упати на соодветно ниво– вели претседателот на Здружение на матични лекари др. Драган Ѓорѓиевски.

Според новиот  правилник точно се знае за секоја дијагноза кое испитување треба да се направи  за да се  добие боледување  и да биде соодветно продолжено.

Реклама

-Точно ќе има за секоја дијагноза што секој треба да исполни за да може боледувањето  да биде соодветно  продолжено и во која ситуација пациентот треба да оди на специјалистички преглед, кога  нема да има потреба од специјалистички преглед и кога треба да се упати на лекарска комисија– вели претседателот на Здружение на матични лекари др. Драган Ѓорѓиевски.

Додаваат дека за обични настинки, течење на нос, грлоболка, стомачен вирус обично се потребни четири до пет дена. За вакви состојби не се  потребни  дополнителни иследувања освен ако нема влошување на состојбата. Инаку измените во  Правилникот  за боледување на  Фондот беа изгласани пред неколку дена а министерот Клековски веќе најави  дека ќе го потпише. Со новите правила се прошируваат и можностите боледувањето да се утврди без физичко присуство на осигуреникот. Ова ќе важи особено за тешко болни, неподвижни и тешко подвижни пациент, за луѓе кои се на болничко лекување, како и во други оправдани случаи. Од Фондот уверуваат дека целта не е скратување на боледувањата туку само поедноставување на постапката и за лекарите и за пациентите.