Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Повеќе полиција отколку македонски Бугари: Само десетина луѓе се собраа во чест на Мара Бунева

Повеќе полиција отколку почитувачи на ликот и делото на Мара Бунева. Само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе полиција отколку почитувачи на ликот и делото на Мара Бунева.

Само десетина македонски граѓани со бугарска самосвест денеска учестуваа на панихидата во чест на Мара Бунева. Не беа расположени да говорат пред камерите, само кратко кажаа дека сакале да влезат во Уставот. 

-Македонија си е држава, меѓутоа има и македонски Бугари… Епа тоа, месните ние овде што се собираме, тоа сме си македонски Бугари, кога ќе не еден ден стават во Уставот, се ќе си дојде на свое место… Па очекуваме, не дај Боже да не биде… Скоро време, тоа е природен процес, мора да биде тоа така, само ние не сме во Уставот, вели еден македонски Бугарин.

Реклама

ТОНСКО: За чествувањето на Мара Бунева… Што ќе кажеме, се обратно прават, порача еден од учесниците

Дел пак воопшто не сакаа да говорат пред медиумите.

-Не сакам да ви давам интервју… Затоа што не сакам, ви благодарам, кажа една жена.

Иако имаше само десетина граѓани, настанот во друго светло се обиде да го претстави првиот човек на Фондација Македонија од Софија, Виктор Стојанов. Тој има забрана за влез во Македонија, но на социјалните мрежи порача дека и покрај студот и снегот, македонските Бугари се собрале да дадат почит за Мара Бунева.

За разлика од претходните години кога и бугарските политичари доаѓаа во Скопје за овој настан, оваа година немаше ниту еден. Го немаше ниту лидерот на партијата „Преродба“, Костадин Костадинов, кој пред само неколку дена побара припојување на Македонија кон Бугарија.

Матеја Петровски