Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Економија

Повеќе пари за плати, пензии и проекти, но и домаќински ќе се троши – претставен буџетот за 2026 година

Повеќе пари за плати, пензии и за инвестиции. Владата го усвои буџетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе пари за плати, пензии и за инвестиции. Владата го усвои буџетот за следната година. Владата планира од државната каса да потроши 6,73 милијарди евра, а да собере 6,1 милијарди евра. Приходите и расходите се зголемени за 180, односно за 140 милиони евра. Министерството за финансии проектира дека од даноци ќе собере за 6% повеќе пари, а од придонеси за 4% повеќе средства. Капиталните инвестиции се намалени од годинешните 770 милиони евра на 660 милиони евра. Овие проекти треба да бидат главен двигател на економскиот раст, како и вложувањата од приватните компании, главно поради евтините кредитни линии финансирани со унгарски пари и зголемената потрошувачка на граѓаните.

За социјална заштита ќе има за 6,7% повеќе пари. Од буџетот за плати на администрацијата ќе има  855 милиони или 7% повеќе од годинава. Во оваа сума е опфатено и зголемувањето на платите со порастот на минималната плата. Транзициските трошоци односно уплатите во вториот пензиски столб ќе бидат 319 милиони евра што е пораст од 22,5%. За пензии вкупно ќе се потрошат 1,9 милијарди евра, или за речиси 10% повеќе.

Буџетот содржи мерки за фискална консолидација, па јавниот долг кој не се очекува годинава да надмине 60% од БДП, ќе биде стабилен и догодина. Дисциплинирано ќе се троши, а политиките ќе го поттикнуваат економскиот раст. Планирано е да се издаде еврообврзница во висина од најмалку 950 милиони евра, а ќе има и задолжување на домашниот пазар од 570 милиони евра. Овие пари се потребни за да се сервисира еврообврзницата од 700 милиони евра, да се подмират достасани обврски од 200 милиони евра и да се покрие дефицитот. Буџетот за 2026-та е скроен врз основа на проекции за поголем економски раст од 3,8%, пониска инфлација од 2,5 отсто и буџетски дефицит од 637 милиони евра или 3,5 проценти од БДП, што е за 0,5 пп помалку од годинава.