Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Повеќе коцкарници отколку училишта во Струга – граѓаните излегоа на протест

Да се затворат сите казина и оболжувалници во Македонија-стружани преку протест го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да се затворат сите казина и оболжувалници во Македонија-стружани преку протест го изразија својот револт по последниот обид во градот да се отвори уште едно казино и тоа во голем станбен комплекс на околу 200 метри од една градинка и основно училиште.Во Струга има околу 50 казина и обложувалници велат што е недозволиво, во градот има повеќе коцкарници од училишта.За какви вредности велат зборуваме,каква порака е ова за младата популација која допрва треба да го трасира својот животен пат.

 Се буниме, едноставно се буниме и тоа не само во наше име, туку во има на сите граѓани на оваа држава бидејќи премногу се намножија кладилници и казина.Барем да ги ограничат местата, иначе сме за да нема казина во Македонија воопшто, како што нема на пример во Грција и во многу други земји.Меѓутоа да не бидеме радикални барем да не се на вакви станбени места или блиску до школи, да најдат начит тоа да се дислоцирa”-вели Жарко Мукоски,жител на Струга

 Ова е една болест на нашето општество и гледаме секој ден лошо и полошо не само тие што играат туку и тие што го поддржуваат ова.Ние бараме да се тргнат скрос од нашето општество оти е многу лошо за нас”-вели Адем Муртиши,муфтија од Струга

Реклама

Децата се љубопитни, зарем треба да стражариме за да не скршнат од патот и наместо во училиште да завршат во кладилница.Лесно заработените пари,се мамка од која нема назад. Стружани испратија и апел до надлежните институции.

Да ги забрзат дискусиите во Парламентот во врска со законите за игрите на среќа и казина бидејќи сите знаеме за негативното влијание на овие дејности.Ја имаат поддршката на граѓаните,само нека го средат тоа, зошто не е добро ни за нас, ни за нашит деца, воопшто ни за државата”-вели Асим Муса-жител на Струга

 Ова нема да запре овде, ние со нашите предлози ќе одиме во сите институции, сите надлеж и органи,министерството за финасии и владата –вели Бесни Касани,адвокат од Струга

Политичките партии сите до една на послените избори ветуваа дека ќе се стави крај на ова лудило со отворање на кладилници кои ги има на секој чекор и то во строгиот центар на Струга и дека оваа дејност ќе се регилира законски, очекуваме од парламентарците да го исполнат ова ветување во име на една здрава и просперитетна младина.

Росица Голабоска