Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Повеќе средства и засилена имплементација за унапредување на инклузијата на Ромит

Дискриминирани и на работ на општеството. Вака се уште живеат голем дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дискриминирани и на работ на општеството. Вака се уште живеат голем дел од Ромите во Македонија и покрај напорите на државата да им обезбеди подобри услови.

Надлежните тврдат дека Стратегија за инклузија на Ромите за периодот 2022 -2030 веќе дава значителни резултати во делот на образование, здравствена заштита и домување.

„Стратегијата претставува системска рамка за создавање праведно и инклузивно општество. Пристапот до квалитетно образование, здравствена заштита, достоинствено домување, економски можности, инфраструктура и социјална сигурност, не смее да биде привилегија, туку загарантирано право на секој граѓанин“, изјави Шабан Салиу министер без ресор.

Реклама

Позитивен тренд во последните две децении е зголемениот бројот на Роми вклучени во образовниот процес, особено на оние кои завршуваат и средно училиште.

„Од 2006 до 2025 годинаоколу 5500 ромски деца се вклучени во предичулишното образование, додека во учебната 2025 2026 се запишани 536 деца на национално ниво во нашата држава“, изјави Фатмир Лимани министер за социјална политика.

„1200 стипендии за средношколци и 150 стипендии за студенти роми на годишно ниво“, велат од Министерството за образование.

Наскоро во владина процедура треба да влезе и законот за социјално домување кои би требало да го олесни пристапот до дом за многу семејсттва.

Извештајот покажа дека во изминатиот период драстично се подобрени работите и во делот на здравствените услуги кои ги добиваат Ромите.

Еден од конкретните чекори е ангажирање на 20 ромски здравствени медјатори кои дејствуваат на целата држава и кои директно придонесуваат на подобрување на здравствениот статус на ромската заедница.

„Континуирано вложуваме во подобрување на условите во јавните здравствени установи вклучително и во поликлиниката во Шуто Оризари, која претставува значаен сегмент во обезбедувањето здравствена грижа за локалното население“, изјави Јовица Андоновски, заменик министер за здравство.

Според последниот попис од 2021 година, во Македонија живеат  46.433 Роми, односно 2,5% од целокупното население.