Реклама

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Македонија

Потврдено 34-годишното партнерство: Лафчиски на средба со новиот командант на Националната гарда на Вермонт

Делегација од Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација од Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на покана на генерал-мајор Грегори Најт, вчера присуствуваше на свечената церемонија по повод примопредавањето на должноста командант на Националната гарда (НГ) на Вермонт, САД.

Како што информираат од Генералштабот на Армијата, свеченоста се одржа во 158-иот борбен ВИНГ (158th Fighter Wing) во воздухопловната база на НГ на Вермонт во Бурлингтон, каде досегашниот командант, генерал-мајор Грегори Најт, ја предаде должноста на новоназначениот командант, генерал-мајор Хенри „Хенк“ Хардер.

Генералот Хардер, кој на оваа должност доаѓа од позицијата заменик-командант на НГ на Вермонт, во текот на неговата кариера извршувал бројни должности, меѓу кои и заменик-командант на 158-иот борбен ВИНГ.

Реклама

Во рамки на посетата, генералот Лафчиски ја оствари првата средба со генералот Хардер, при што беше потврденo 34-годишното партнерство, како и потребата оваа соработка да продолжи и во иднина. На средбата се разговараше и за потенцијалот на Армискиот полигон „Криволак“, како и за досегашниот придонес на НГ на Вермонт во развојот на капацитетите на овој полигон.

Присуството на делегацијата од Армијата на вчерашната свеченост, претставува јасна потврда за долгогодишното стратешко партнерство помеѓу македонската Армија и Националната гарда на Вермонт, кое успешно се развива повеќе од три децении и претставува пример за заемна посветеност и цврсто партнерство.