Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците, угинати се околу 10.000, апел сточарите да ги почитуваат препораките

Во државата се потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците, а надлежните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во државата се потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците, а надлежните институции секојдневно ја следат состојбата и преземаат мерки за спречување на ширењето на болеста. Според последните официјални податоци, 50 се во Источниот регион, седум во Североисточниот, шест во Вардарскиот и едно во Скопскиот регион – информираше денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски.

На прес-конференцијата во Министерството, тој апелираше до сточарите доследно да ги почитуваат препораките на надлежните институции, навремено да ги пријавуваат сомнителните случаи и да избегнуваат користење заедничка опрема без претходна дезинфекција.

Според Серафимовски, следењето на епидемиолошката состојба покажало дека еден од главните ризици за пренесување на заразата е стрижењето на овците со ножици кои претходно не биле соодветно дезинфицирани.

Реклама

Министерот информира дека институциите веќе преземаат активности за обезбедување вакцини преку Европската комисија, Република Турција и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

– Обезбедувањето вакцини нема автоматски да значи започнување на вакцинацијата. Одлуката ќе се темели на стручна проценка на епидемиолошката состојба, ризикот и можните ветеринарно-здравствени и економски последици од вакцинацијата – истакна Серафимовски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Серафимовски рече дека сточарите чии стада се погодени од појавата на сипаници кај овците ќе бидат обесштетени, а во тек се проценките и подготовките за обезбедување средства за исплата и дека моделот за обештетување е веќе утврден од Агенцијата за храна и ветеринарство. 

Тој нагласи дека Министерството и Агенцијата за храна и ветеринарство се во постојана комуникација и повторно упати апел до сточарите строго да ги почитуваат сите пропишани мерки.

– Свесни сме дека за многу семејства сточарството е основна дејност и извор на егзистенција, но мора да се почитуваат мерките. Шест месеци не е дозволено на истото одгледувалиште повторно да се внесе нов сточен фонд – нагласи министерот.

Според него, дел од проблемите со ширењето на болеста се резултат и на непочитување на пропишаните превентивни мерки.

Во однос на состојбата на терен, Серафимовски информира дека според информациите со кои располага, досега се евидентирани околу 10.000 угинати грла овци.

Министерот посочи дека надлежните институции будно ја следат состојбата и во соседните земји, особено поради ризикот од други заразни болести кај добитокот.

– Имавме работна средба со надлежните институции во Србија за размена на информации и искуства, а внимателно ја следиме состојбата и во Грција. Засега најголем предизвик за нас остануваат сипаниците кај овците и правиме сè за да го амортизираме ударот и да спречиме натамошно ширење на болеста – изјави Серафимовски.

Тој додаде дека бројот на ризични подрачја постојано се менува согласно епидемиолошките анализи што секојдневно ги спроведуваат надлежните служби.