Затворена Зоолошката градина во Скопје, евакуирани вработените, поради присутво на птичји грип од кој би можеле да се заразат и луѓето. Од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдуваат дека нивни инспектори биле внатре и со лабараторски анализи е утврдено дека угината птица била заразена со високопатоген сој на вирусот. Поради тоа морале да се презамт мерки за заштина на вработените и на останатите животни.
–Во текот на денешниот ден, од страна на надлежен официјален ветеринар спроведен е надзор во Зоолошката градина и наредени се мерки за надзор на болеста, а извршено е хумано убивање и нештетно отстранување на следните видови птици: 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на локацијата.Наредени се мерки согласно Законот за ветеринарно здравство и Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста Авијарна инфлуенца, велат од АХВ.
Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Стефан Кирков, вели дека според нивни неофицијални информации управат ана зоолошката фградина добила наредба за затворање, која не била испочитувана, па пораи тоа сабајлево реагирале инспекторите.

-Информациите кои доаѓаат до нас е дека пред неколку дена во оваа институција, има угинато неколку видови на птици и под сомнение дека се работи за оваа заразна инфекција е добиен налог од АХВ да биде затворена 21 ден, додека не се утврди причината и додека не се утврди состојбата внатре. Меѓутоа, информациите кои морам да напоменам се неофицијални, ја нема испочитувано наредбата од АХВ и повторно почнува со работа, изјави Кирков.
Поранешниот директор на зоолошка, Ѓорги Галетановски, кој утрово алармираше за случајот во зоолошка на социјалните мрежи, вели дека инспекторите ќе ја завршат својата работа и дека така е најдобро за заштита на сите.
-Се шпекулира дека е птичји грип, да не шириме паника нека дознаат прво внатре. Како што знам има инспектори од АХВ, тие си ја знаат работата, веројатно ќе постапат како што треба. Тоа е непредвидлица работа, мора да се дезинфицира зоолошката, да се постапи по некои протоколи, ваљда ќе ја затворат шест- седум дена, така сме правеле порано, изјави Галетановски.
Од администрацијата на Зоолошка откако беше обелоденето во јавноста за случајот, решија да го политизираат. Испартиај соопштение во кое реториката е слична на градоначалничката Данела Арсовска, односно се користи истиот наратив насочен против владата.
-Целта на оваа секташка политика е да се предизвика нов измислен проблем и да се обезбеди алиби за затварање на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот. За ова дело ЗОО Скопје ќе поднесат кривични пријави против директорот на АХВ како и до инспекторите и лицата кои со оружје упаднаа во ЗОО Скопје, велат од ЗОО Скопје.
Од таму тврдат дека без причина се убивале птици. Во измиот период Арсовска смени неколку директори. Моментално скопската зоолошка ја раководи Зоран Попов, кој е трет директор во мандатот на Арсовска. Инаку во изминатиот период угинаа голем број животни во зоолошката градина, за што јавноста бурно реагираше.
Матеја Петровски
