Реклама
Македонија

Потрошувачка кошничка: Цигари и лименка нескафе не се неопходни, но и облеката и училишниот прибор не се луксуз

Цигари, лименка нескафе, диња, лубеница. Премиерот Мицкоски ја отвори дилемата што се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цигари, лименка нескафе, диња, лубеница. Премиерот Мицкоски ја отвори дилемата што се треба да содржи месечната минимална кошничка. Речиси сите, од синдикатите, па преку владата, бизнисмените, и на крајот граѓаните се согласни дека треба се ревидира список на прозводи по кој се мери месечната потрошувачка на едно семејство. Во моментов се води дебата кој ќе ја креира и што ќе има во неа, односно кој прозиводи би се извадиле, но и кои би се додале, како на пример облека и училишен прибор.

Експертите сметаат дека неопходно е да се извршат измени во начинот и методологијата на кој се пресметува минималнта потрошувачка кошничка. Повеќето од нив го делат ставот на премиерот дека таа треба да биде објективно прилагодена согласно стандардите и куповната моќ на граѓаните, а при пресметката да се земат предвид цените од поекономичните маркети.

,,Кажано е во јавноста и од страна на премиерот, земани се цени од поскапите маркети, и секако доколку има производи коишто поимашните граѓани не ги користат, дури и понекогаш не може да се најдат на пазарот во зимскиот период, во тој случај таа кошничка, односно тој избор е компромитиран и треба нешто да се менува,, изјави универзитетскиот професор Трајко Славевски

Реклама

Според Славески, за да нема злупотреба на податоците, државниот завод за статистика заедно со надлежните министерства и инсистуции треба да имаат надлежност во креирањето на мининалната месечна потрошувачка на граѓаните. Според него статистика ги има сите релевантни податоци кои може да бидат мерило кои ќе дадат реални и објективни проекци согласно реалните и објективни потреби на граѓаните.

,,Затоа реков дека треба да се остави на заводот за статистика, кој покрај индексот на цени на мало, продуцираат цени за трошоци за живот, тоа не е ништо друго освен потрошувачка кошничка. Потрошувачката кошничка ние економистите стоките коишто се опфатени сметаме дека не може се да се опфати во мерењето на индекс и кој понтер односно колкава тежина ќе дадете при пресметување на тој индекс, односно индексот треба да се претвори во апсолутни цифри,, изјави Славевски.

Реакциите од страна на премирот Мицкоски и експертите доаѓа по организираниот бојкот на граѓаните, кои реагираа на високите цени во маркетите. Но бојкотот не ги проколеба трговците, па цените останаа генерално исти. Токму затоа за в петок на социјаните мрежи повторнио има повик за нов бојкот на сите супермаркети.

Инаку, вакви слични акции за бокот има низ целиот Балкан. Граѓаните во Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија масовно ги бојкотираа големите ланци на маркети.