Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Потпишан Меморандум за соработка со Oracle: Дигиталната трансформација не започнува со технологијата, туку со луѓето

Министерството за дигитална трансформација и „Oracle“ потпишаа Меморандум за соработка за развој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за дигитална трансформација и „Oracle“ потпишаа Меморандум за соработка за развој на дигиталните вештини, обука и преквалификација на граѓаните.

Меморандумот го потпишале потпретседателот на Oracle, Pierre-Alain Baetz  и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, а соработката отвора нови можности за поврзување на образованието, институциите и граѓаните со современи технолошки знаења, практични алатки и програми за учење во области како cloud технологии, вештачка интелигенција, сајбер безбедност и управување со податоци.

Министерството за дигитална трансформација соопшти дека соработката е поставена на два комплементарни столба. Првиот е Oracle Academy, преку кој високообразовните институции ќе се поврзат со современи технологии и практични содржини, со цел студентите да стекнуваат знаења што се усогласени со потребите на индустријата и реалниот пазар на труд, а вториот столб е Oracle University Skills Development Initiative, насочен кон пошироката јавност. Преку оваа иницијатива, за првпат се воспоставува структуриран систем за обука, дообука и преквалификација на граѓаните, вклучително и преку Националниот портал за е-услуги, кој Министерството го води како една од своите клучни активности.

Реклама

– Преку ова партнерство, граѓаните ќе имаат пристап до повеќе од 200 часа бесплатна дигитална содржина, прилагодена за сите нивоа на знаење, што ќе овозможи стекнување на нови вештини, надградување на постојните знаења и отворање нови можности за вработување, професионален развој и преквалификација. Како дел од соработката, поставена е и јасна цел – 10.000 обучени граѓани во следните три години, со амбиција значителен дел од нив да стекнат и меѓународно признати сертификати. Тоа ќе значи поголема вработливост, повисока конкурентност на пазарот на труд и посилна поддршка за развојот на домашната економија, наведува Министерството.

Според министерот Андоновски, партнерството претставува конкретен чекор во една од најважните политики на Министерството – развој на дигитални вештини и вложување во луѓето како носители на промените.

– Дигиталната трансформација не започнува со технологијата, туку со луѓето. Во време кога дигиталната економија се развива со невидена брзина, најголемиот капитал на една држава не е технологијата, туку луѓето кои знаат да ја користат, порачал Андоновски.

Од Министерството посочуваат дека овој проект е во согласност со стратешките приоритети на Министерството и со визијата SMART/MK 2030, која е наведена меѓу важечките стратегии на Министерството, со фокус на општество базирано на знаење, дигитални услуги и развој на човечки капитал.

– Министерството за дигитална трансформација очекува активна вклученост од универзитетите, институциите и приватниот сектор, со цел оваа можност да биде искористена максимално и да донесе мерливи резултати во краток рок. Со потпишувањето на Меморандумот со Oracle, Министерството прави уште еден конкретен чекор кон создавање современо, дигитално подготвено и конкурентно општество, во кое технологијата ќе биде ставена во служба на граѓаните и нивниот развој, стои во информацијата од ресорното Министерство.