Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Потпишан договор за изградба на Дом за стари лица во Кочани

Локалната самоуправа на Општина Кочани склучи договор вреден 247.677.656,01 денари или нешто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Локалната самоуправа на Општина Кочани склучи договор вреден 247.677.656,01 денари или нешто повеќе од 4 милиони евра со компанијата  „Фишер-Тихи“  од  Куманово за изградба на Дом за стари лица. Фирмата ќе ги изврши припремните, земјените, бетонските, браварските и лимарските работи. Компанијата „Стентон градба“ од  Битола ќе работи на ѕидарските, фасадерските, изолационите, армирачки, столарски, керамички и други работи утврдени со договорот.

Команиите имаат рок од две години да ги завршат своите работни активности.

Стречкиот дом во Кочани ќе се простира на  површина од околу 4.000 илјади квадратни метри, во кругот на поранешната касaрна.

Реклама

Објектот ќе располага со четири ката, подпокрив и подрумски простории, ќе биде со капацитет од околу 150 кревети, а предвидени се и простории за медицинска нега, рекреација и социјални активности,  при што ќе се искористат  и геотермалните води.

Домот ќе биде во државна сопственост и за разлика од приватните, ќе понуди подостапни цени.

Финансиските средства за реализација на проектот се обезбедени преку унгарскиот кредит.