Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Посветеност на спортот: Министерот Борко Ристовски доби признание од Европската атлетска асоцијација

Министерот за спорт, Борко Ристовски, доби признание од Европската атлетска асоцијација како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт, Борко Ристовски, доби признание од Европската атлетска асоцијација како и од Атлетската федерација на Македонија за посветеност на спортот и поддршка на атлетиката.

Европското признание на министерот Ристовски му го врачи претседателот на Европската атлетска асоцијација (ЕАА), Добромир Карамаринов на свечената церемонија во рамките на Конвенцијата на ЕАА што се одржува во Скопје.

„Со особена чест и гордост ги примив признанијата од Европската атлетска асоцијација и од Атлетската федерација на Македонија за безрезервната поддршка на атлетиката. Благодарност до претседателот на Европската атлетска асоцијација, Добромир Караманов и до претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска Зикова кои во Министерството за спорт препознаа вистински партнер. Овие награди се доказ за заедничката работа, напорите и визијата за подобра иднина на македонската атлетика. Како министер за спорт секогаш ќе бидам на страната на спортистите и ќе се залагам за зајакнување и афирмција на спортот во Република Македонија“, рече Ристовски.

Реклама

Министерството за спорт е генерален покровител на Конвенцијата на Европската атлетска асоцијација што се одржува во Скопје од 22 до 24 ноември.

Во рамките на овој значаен атлетски настан на кој Македонија за прв пат е домаќин, утре во Националната опера и балет ќе се одржи престижната манифестација „Golden Tracks Skopje 2024” на која ќе им бидат доделени наградите на најуспешните во атлетскиот спорт од Европа. Специјален гостин на манифестацијата ќе биде претседателот на Светската атлетска асоцијација и поранешен член на британскиот парламент, Лорд Себастијан Коу.