Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Постојаниот координатор на ОН во државава, Колумбија, во посета на Кавадарци

Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев денеска остварил прва официјална средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев денеска остварил прва официјална средба со постојаниот координатор на Обединетите Нации во земјава, Рита Колумбија.

Како што самиот информираше на неговата Фејсбук-страница, на средбата било разговарано за можностите за унапредување на соработката и реализација на заеднички иницијативи, со посебен акцент на младите, развојот на младинските центри и креирањето нови можности за нивно активно учество во општеството.

– Во фокусот беа и проектите кои имаат за цел да ги поттикнат младите на личен и професионален развој, да создадат простор за нивните идеи и иницијативи и да придонесат кон градење на современа и инклузивна локална заедница – пишува во објавата.

Реклама

Се додава дека ова претставува важен чекор кон идно заедничко дејствување и отворање нови можности за реализација на проекти што ќе имаат конкретен придонес за младите, за целата заедница и е само почеток, како што се нагласува, на една нова соработка со јасна визија – повеќе можности за младите, нови идеи и проекти и заедничка работа за подобра иднина на Кавадарци.