Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Поставени прочистувачи на воздух во четири основни училишта и двете градинки во Струмица

Професионални прочистувачи на воздух се поставени во општинските основни училишта „Никола Вапцаров…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Професионални прочистувачи на воздух се поставени во општинските основни училишта „Никола Вапцаров “, „Маршал Тито “, „Видое Подгорец ”, „Сандо Масев ” и градинките ДГ „Виножито “ и ЈПУДГ „Детска Радост ”, соопшти градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, на неговиот фејсбук профил, откако денеска ги посетил училиштата и градинките.

-Благодарение на донацијата од Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, дел од нашите образовни институции добија висококвалитетни уреди што користат Х14 ХЕПА филтри-филтри кои задржуваат над 99.995 отсто од вирусите, бактериите и другите микроорганизми, обезбедувајќи квалитет на воздух кој се споредува со услови во стерилни простории, напиша на Фејбук струмичкиот градоначалник.

Според него, овие прочистувачи располагаат и со префилтер со активен јаглен, кој значително ја намалува непријатната миризба и го редуцира присуството на озон, азотни оксиди и летливи органски соединенија. Со капацитет од 2500 метри кубни на час уредите овозможуваат петкратна размена на воздухот во просториите секој час-нешто што директно придонесува за поздрава средина.

Реклама

-Здравјето и безбедноста на нашите најмали се врвен приоритет за Општина Струмица. Со овие современи прочистувачи на воздух обезбедуваме чист и свеж воздух во образовните институции и создаваме побезбедна животна средина за децата да можат да растат и да се развиваат здраво, додава на крајот градоначалникот Јанков во неговата објава.