Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Прилози

Пост-грипни компликации ја полнат Клиниката за пулмологија

Грипот поминува – но последиците остануваат. Клиниката за пулмологија е преполна со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грипот поминува – но последиците остануваат. Клиниката за пулмологија е преполна со пациенти.Најмногу медицинска помош бараат болните со хронични белодробни заболувања, кај кои поради сериозни компликации е неопходна хоспитализација и постојан лекарски надзор.

Пулмолозите предупредуваат дека пост-грипните компликации се тивки, но сериозни.Годинава клиничката слика на сезонскиот вирус е значително потешка од вообичаеното.Според анализите, грипот од тип Б предизвикува потешки симптоми и сериозни компликации, особено кај пациентите со астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОБ).

„Во последните 20 дена, секојдневно низ нашата Пулмолошка амбуланта поминуваат од 100 до 150 пациенти. Сите тие се со последици по прележан грип. Затоа апелирам: кај пациенти кај кои клиничката слика трае од 5 до 7 дена, да не се започнува терапија со антибиотик, бидејќи заболувањето од сезонски грип вообичаено поминува полесно.Меѓутоа, доколку по седмиот ден се појави кашлица со густ секрет и покачена телесна температура, потребно е пациентите да се јават во нашата клиника, за да се направат понатамошни испитувања“ – вели д-р Оливер Зафировски.

Реклама

Пулмолозите се децидни – вакцинацијата против грип е најефикасната заштита и клучна превентивна мерка, особено за ризичните групи.Според нив вакцината значително го намалува ризикот од тешки симптоми, компликации и хоспитализација.

„На пациентите им се препорачува да се вакцинираат против сезонски грип, без разлика дали клиничката слика би била полесна или потешка. Вакцинацијата е важна и потребна за сите. Во моментов, на одделението се хоспитализирани 45 пациенти и сите болнички кревети се исполнети. На одделот за интензивна нега се сместени седум пациенти“ изјави д-р Зафировски.

Бројката на заболени од грип оваа сезона достигна преку 8.200 случаи. Изминатите недели беа регистрирани и три смртни случаи кај пациенти поради компликации од вирусот.  Две 75 годишни жена и 69 годишен маж починаа на Инфективна – имале повеќе хронични заболувања и не биле вакцинирани против грип. Инфектолозите очекуваат пикот да биде во следните две недели.