Реклама
Економија

Последниот ден од мандатот наместо нов автопат, власта се пофали со реконструкција на обичен пат до ГП „Блаце“

Последниот ден од мандатот наместо нов автопат, власта се растрча да направат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Последниот ден од мандатот наместо нов автопат, власта се растрча да направат манифестација за да се пофали со реконструкција на обичен пат.

Се собраа пред границата со Косово за да промовираат завршни активности за рехабилитација на 10 км од Скопје до Блаце – закрпија некоја дупка, го санирале тунелот и го пуштија во употреба стариот пат, а за тоа беа потрошени 3.8 милиони евра.

Цел мандат на Димитар Ковачевски, а и на неговиот претходник Зоран Заев слушавме за наводна рекордна реализација на капитални проекти и патна инфраструктура како на филм, но на последниот ден пред да ги спакуваат куферите од Илинденска ни дадоа нова најава , на пролет ќе биле готови првите 2 км од автопатското решение од Скопје до Блаце. На „ќе“ се сведуваат и останатите 10 км , допрва ќе се бирала градежна фирма.

Реклама

Договорот за изградба на првите два километри беше потпишан во 2020-та година со тогашна вредност  од 12,2 милиони евра , изведбата започна во 2021 , а требаше да заврши до средината на 2022 година, а целиот автопат требаше да биде готов до 2023, но еве на старт на 2024 имаме нова ограда наместо цел автопат.

Дека Македонија е слепо црево на балканот по патна инфраструктура се гледа буквално на секоја точка Владата се фали за реконструкции место за нови автопати.  Пред нецел месец. формално го пуштија во употреба и реконструираниот и рехабилитиран патен правец до граничниот премин Деве Баир, со вкупна должина на делницата од 13 км

Се уште нема автопат од Кичево до Охрид , уште еден пробиен рок се случи . Летнаа само милионите и уште една шанса на кинески „ Синохидро“ . Сумата достигна речиси 400 милиони евра, а за автопат ќе си почекаме, повторно имало проблем со свлечишта.

За коридорите 8 и 10 д пак само се потрошија милиони кон Бехтел и Енка, по неколку свечени стартови за изградба изгледа се работи само на експропријација