Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Посетата на Мицкоски огромна можност за Македонија: Шанса за средби со администрацијата на Доналд Трамп

Поканата за македонскиот премиер да присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поканата за македонскиот премиер да присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп е огромна и одлична можност за Македонија. Шанса преку средби со влијателни личности од администрацијата на новиот американски претседател и дел од неговите најблиски соработници, државава да гради посилно пријателство со САД и презентација на можностите за засилување на економската соработка.

Според познавачите ова го покажува новиот начин на водење на дипломатијата, односно повеќе ја нема онаа сервилност, која беше еден вид заштитен знак минатите седум години. Универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски за Алфа вели дека и повеќе од значајно за Македонија е што премиерот добил покана да присуствува на ваков настан.

-Посетата не се работи за премиерот Мицкоски, се работи за премиер на една држава, на Македонија. И значењето на посетата сам по себе е голем, затоа што поканата е дојдена до премиерот, односно до Макеоднија и се работи за настан, се работи за можност да се сретне со високи функционери во идната администрација на претседателот Трамп, да оствари средби, да гради нови пријателства. Всушност тоа е новиот курс на дипломатијата, вели Јанкуловски.

Реклама

Дел од луѓето и медиумите блиски од опозицијата минатиов период се обидува поканата да ја прикажат дека воопшто неважна, дека патувањето на владината делегација во САД наводно било бадијала. Според Јанкуловски такво нешто е очекувано, бидејќи тие се обидуваат да прикажат дека само претходната власт имала успеси во дипломатијата и покрај тоа што потпишаа билатерални договори, кои според многумина се катастрофални и сега го блокираат европскиот пат на државата.

-Едноставно штетата, начинот на нивното размислување е штета по државата и да останат на онаа мантра дека големите лидери, односно нивниот голем лидер носеше големи одлуки, кои видовме каде не однесоа во кој ќорсокак не однесоа денеска и оставајќи наследство на новата власт да ги амортизира штетите што се направени од таквите одлуки во надворешната политика, изјави Јанкуловски.

Мицкоски е единствениот лидер од Балканот кој ќе присуствува на инаугурацијата на 47-от претседател на САД, практично најважниот настан во светот во моментов. Дел од владината делегација се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити и заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков.

Матеја Петровски