Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Портрет на Вилма Русковка: Обвинителката која ќе „тресеше од гаќи“ заврши отфрлена како стара крпа

Ама тој не си отиде туку чека да стане уставен судија, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ама тој не си отиде туку чека да стане уставен судија, а Русковска имаше полни раце работа со процеси во кои гонеше политичари, поранешни функционери, извикани имиња од бизнис и шоу елитата и беше ударна тупаница во расчистување на патот на власта во борбата со неистоимисленици. И наместо награда на повисоко место за одработеното, доби шут од колегите по барање на нејзиниот колега Јовевски без кого не можеше да се замисли како обвинител.

Иако целата јавноста, а не само правната фела во упадот на Собранието од 27 април 2017-та не препозна терористи, Русковска беше на иста линија со власта. За неа, учесниците ја загрозиле безбедноста на државата зашто спречиле мирно примопредавање на власта. И токму за тоа, Русковска смести 16 луѓе да издржуваат вкупно 188 години затвор.

Јавноста е сведок и на адуио снимка во која обвинителката се смее и потврдува дека обвинет од 27 април го заборавила во притвор. Во гостување на една емисија, пак, таа признава дека вршела селекција кој ќе биде обвинет, а кој не за упадот во Собранието,

Реклама

И не само 27 април, судскиот процес за кој власта јавно бараше осуда и затвор за учесниците, Вилма гонеше во Империја и рекетот на Боки 13, додека опозцијата ја обвини дека е новата Катица Јанева која работи за тогашниот премиер Зоран Заев. Тој, пак, на самиот почеток на нејзиното поставување за шефица на оганизиран криминал, потсети на нејзиното работење во едно друго време во кое  Вилма не му се допаѓала.

За домашниот притвор на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, амбициознат Вилма отиде до таму што судиите ќе ги тресеше од гаќи.

Нејзиното гонење пред тој да власт можеби и не му се допаѓало на Заев , но симпатиите најверојатно се родиле откако станале истомисленици во врска со Шарената револуција. Русковска, пред само пет години веруваше дека правото и правдата треба да важат за сите, за разлика од сега кога за суспензијата рече дека суспендирана е правдата.

Русковска го истрча кругот и ѝ помогна на власта и на колегите да се справат со политичките неистомисленици. Но, нејзе не ја наградија, напротив, ја казнија поради упадот кај Арафат Муаерими, за кој очигледно ни на сон не смеела да го прави.