Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Порталот uslugi.gov.mk редизајниран и со нови 100 електронски услуги за граѓаните

Од извод на радени до дозвола за риболов и објава за изгубена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од извод на радени до дозвола за риболов и објава за изгубена диплома. Порталот uslugi.gov.mk е целосно редизајниран и на него се додадени 100 нови услуги кои граѓаните на едно место може да ги добијат по електронски пат.

На него сега може да се достават над 200 барања и да се добијат потрврди, уверенија, документи. Министерот за дигитална трансформација вели дека сите административни процеси ќе станат електронски а со тоа гаѓаните ќе заштедат и време и пари.

„Целосно ново корисничко искуство, подобрена пристапност за граѓаните, за корисниците, направивме промени и во пристапноста за лицата со попреченост и ги употребуваме највисоките европски стандарди во моментов кои што се за лица со попреченост. Понатаму имаме пристап на подостапни услуги, повидливи услуги, услугите кои што се најупотребувани од граѓаните се први на порталот, но исто така денес промовираме и 100 нови услуги кои се на порталот“, рече Стефан Андоновски, министерот за дигитална трансформација.

Реклама

Во изминатите пет месеци интезивно се работело на подобрување на перформансите на порталот, со цел поголема транспарентност, достапност и ефикасност.

Во изминативе пет месеци бројката на корисници е зголемена за 30.000. Најкористени електронски услуги досега од граѓаните се од Агенцијата за вработување, и фондоот за пензиско и инвалидско осигурување, поврзани со работен стаж и пензионирање.

„Во моментот најкористена услуга од граѓаните се податоците кои доаѓаат од Агенцијата за вработување. Потоа Министерството за Внатрешни Работи има една популарна услуга кај оние ловџии кои што се занимаваат со стрелаштво, тоа е дозволата за оружје за физички за правни лица. Бизнисите користат потврди кои што доаѓаат од казнената евиденција, така што имаме една група на услуги повеќе од 200 во моментов кој што се достапни на порталот“, рече Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Освен надградбата на платформата uslugi.gov.mk Министерството за дигитализација работи на отворање центрли за услуги на кои граѓаните на едно место ќе може да ги завршуваат сите административни процедури.

Љубиша Владимиров